24 Април, 2024
0.0280

ВЛАДАТА ЌЕ КРАТИ 200 МИЛИОНИ ЕВРА НЕПРОДУКТИВНИ ТРОШОЦИ СО РЕБАЛАНСОТ - БЕСИМИ: Ќе го заштитиме животниот стандард на граѓаните, дури и да продолжи кризата

Објавено во: Финансии 21 Мај, 2022

Добивај вести на Viber

Со ребалансот на буџетот ќе се скратат 200 милиони евра, соопшти на пресконференција министерот за финансии Фатмир Бесими. 

Односно, како што објасни, расходите поради кризата и поради потребата да се заштити стандардот на граѓаните ќе мора да се зголемат за над 470 милиони евра, но затоа пак, ќе се скратат 200 милиони евра. Ова збачи дека со ребалансот ќе има нето зголемување на расходите за 260 милиони евра.

Дефицитот во буџетот ќе изнесува 694 милиони евра, или 5,3 отсто од бруто домашниот производ.

Со ребалансот на буџетот ќе се обезбедат дополнителни пари од 76 милиони евра за мерки за заштита на животниот стандард на граѓаните и за заштита на стопансвото, како заштитна бафер зона.

Со ребалансот ќе има плус 52 милиони евра за земјоделски субвенции, а ќе има и за пензиите и за зголемување на платите на наставниците, како и средства за зголемување на минималната плата за јавниот и приватниот сектор.

Министерот за финансии Фатмир Бесим, на презентацијата на ребалансот на буџетот рече дека покрај ковид кризата и инфлацијата, најголем предизвик за светската економија, а со тоа и за нашата, е војната во Украина.

Но, тој нагласи дека Владата ќе го заштити стандардот на граѓаните, дури и да продолжи кризата.

Со ребалансот на буџетот се намалуваат прогнозите за раст на македонската економија за 3,2 отсто, што е намалување за 1,4 процентни поени во однос на 4,6 отсто, колку што се предвидуваше кога се креираше буџетот за 2022 година. 

Оваа година се очекува нфлацијата да изнесува 7,2 отсто, што значи интензивирање во однос на минатата година. Се очекува инфлацијата да се стабилизира во следната година. 

За оваа година се очекува невработеноста да се намали за 14,5 отсто, рече Бесими.

Со ребалансот вкупните приходи ќе се зголемт за 5 отсто, а даночните приходи за 2,9 проценти, додека, пак, вкупните расходи ќе се зголемат за 5,9 отсто. 

Н.Н.Ф.

Можеби ќе ве интересира

ВТОР МЕСЕЦ ПО РЕД ПАЃААТ - проесечната нето плата 39.276 денари, еве во кои сектори има најголемо намалување

ВТОР МЕСЕЦ ПО РЕД ПАЃААТ - проесечната нето плата 39.276 денари, еве во кои сектори има најголемо намалување

АКО ВЕЌЕ „ГЛАВАМ“ ВО БАНКА, БАРЕМ НЕКА БИДЕ ЗА ДА СИ КУПАМ СТАН - голем пораст на станбените кредити, еве колку должат граѓаните

АКО ВЕЌЕ „ГЛАВАМ“ ВО БАНКА, БАРЕМ НЕКА БИДЕ ЗА ДА СИ КУПАМ СТАН - голем пораст на станбените кредити, еве колку должат граѓаните

ДА СЕ ОДАНОЧАТ ТРИТЕ ИЛЈАДИ НАЈБОГАТИ ВО СВЕТОТ, А ПАРИТЕ ДА ОДАТ ДИРЕКТНО КАЈ СИРОМАШНИТЕ - еве го планот на една нобеловка

ДА СЕ ОДАНОЧАТ ТРИТЕ ИЛЈАДИ НАЈБОГАТИ ВО СВЕТОТ, А ПАРИТЕ ДА ОДАТ ДИРЕКТНО КАЈ СИРОМАШНИТЕ - еве го планот на една нобеловка

ЕВЕ КАДЕ ГИ ВЛОЖУВААТ СВОИТЕ ПАРИ 0,001 ПРОЦЕНТ ОД НАЈБОГАТИТЕ: Живеат поинаку од остатокот од светот

ЕВЕ КАДЕ ГИ ВЛОЖУВААТ СВОИТЕ ПАРИ 0,001 ПРОЦЕНТ ОД НАЈБОГАТИТЕ: Живеат поинаку од остатокот од светот

ДЕНАРОТ ГО „ПРЕТРКА“ ЕВРОТО, ИСТОРИСКИ МИГ ЗА ГРАЃАНСКИТЕ ЗАШТЕДИ - колку пари чуваат македонските граѓани во банка

ДЕНАРОТ ГО „ПРЕТРКА“ ЕВРОТО, ИСТОРИСКИ МИГ ЗА ГРАЃАНСКИТЕ ЗАШТЕДИ - колку пари чуваат македонските граѓани во банка

Николоски на средби во СБ – Продолжуваме со спроведување на реформите дефинирани со нашите партнери, 695 милиони долари поддршка од СБ

Николоски на средби во СБ – Продолжуваме со спроведување на реформите дефинирани со нашите партнери, 695 милиони долари поддршка од СБ

БЕРЗИТЕ СО ГОЛЕМИ ЗАГУБИ - индексот S&P 500 падна петти ден по ред

БЕРЗИТЕ СО ГОЛЕМИ ЗАГУБИ - индексот S&P 500 падна петти ден по ред

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо

„Доколку не се остварат ризиците, олабавување на монетарната политика во втората половина од годинава“: гувернерката Ангеловска-Бежоска за ВОА

„Доколку не се остварат ризиците, олабавување на монетарната политика во втората половина од годинава“: гувернерката Ангеловска-Бежоска за ВОА