29 Март, 2024
0.0249

Владата ќе ја урне цената на становите, но ќе ја наруши пазарната конкуренција!

Објавено во: Економија, Македонија 04 Декември, 2012

Добивај вести на Viber

Поевтини станови, но и нарушување на пазарната конкуренција. Што ќе донесе владината најава за изградба на станови со цени од 795 евра за метар квадратен, и колку тоа може да му помогне на градежништвото. Оценките се различни. Наташа Стојановска По најавата на Владата дека засилено ќе гради станови што ќе ги продава по цени пониски од пазарните, граѓаните се во исчекување, а градежниците затечени. Додека едните чекаат поевтини станови, другите сметаат дека со таквиот потег власта ќе го урива пазарот на нелојален начин. „Ако Владата гради на локации за кои нема да плаќа тогаш јасно е дека ќе има пониски цени на становите што ќе ги изгради. Со оглед дека цената на  работна сила или и на градежен материјал не може да се менува и таа е иста за сите, тогаш веројатно е дека Владата ќе си обезбеди бесплатно земјиште за да гради.  Но, тоа не во ред. Во таков случај и на приватните градежници ако им се дадат бесплатни локации, тогаш и тие ќе ја намалат цената за квадратен метар“, вели Никола Велковски, претседател на градежниот синдикат во Стопанската комора на Македонија. Велковски вели оти се согласува дека цените на становите треба да се намалат, но, додава дека власта не смее да му конкурира на приватниот сектор. „Со оваа најава дека Владата засилено ќе гради за да ги урива цените на становите во Македонија, што практично значи дека ќе почне комерцијално да работи, всушност се враќаме во социјализмот. Тогаш , во таков случај, која е целта на постоењето на приватните компании“,  вели  Велковски. Но, цените на становите нема да паѓаат веднаш. Според најавата, Владата во следните три години ќе изгради 30 згради со вкупно 1.724 комерцијални станови. Ќе ги продава за цена што ќе биде до 20 отсто пониска од пазарната. Но, освен со пониските цени, власта сака да ја зголеми понудата на нови станови на пазарот и на тој начин да доведе и до дополнително намалување на цената на станбениот квадрат. За ваквата инвестиција се најавуваат 80 милиони евра, а според владините анализи, притисокот за највисоки цени на станбениот квадрат се чувствува во метрополата па затоа и најголем дел од предбидените станови ќе се градат токму во главниот град.  Пад на продажбата на старите станови И додека власта се обидува да ја намали цената на станбениот квадрат на новите станови, од Агенциите за недвижности  велат дека речиси целосно е запрена продажбата на старите станови. Никој не сака да купи стар стан. Продажбата е падната за речиси  90 отсто и едвај опстојуваме, неможеме ниту трошоците да си ги покриеме, велат од Агенциите за недвижности. Посочуваат и дека иако цените за старите станови се намалија изминатиов период, сепак ниту тоа не ја крена продажбата. Градежниците ги чекаат инвестициите во инфраструктурата Градежништвото е предвесник и на доброто и на лошото, кога на градежништвото ќе му тргне ќе и тргне и на економијата, велат од „Адинг“  за Фактор. Во однос  на очекувањата за следната година, прогнозите не се оптимистички. „Нашата  компанија во Македонија има работа, но, проблемот на компаниите е неликвидноста. Тоа е навистина голем проблем со кој се соочуваат“ , вели Благоја Дончев од Адинг за Фактор. „Адинг“ како компанија што се занимава со градежни материјали е сконцентрирана на странските пазари. Практично 60 отсто од работата е надвор од земјата. Нивното искуство покажува дека проблемите сериозно се чуствуваат во регионот. “Во Хрватска е лошо. Србија има инвестиции, но и таму најголем инвеститор е Владата. И во Србија проблем е неликвидноста на компаниите. Работиш ама не ти плаќаат, тоа е клучниот проблем. Во Бугарија пак каде имаме наша фабрика, кризата се чуствува, но, разликата е што таму те плаќат за сработеното. Таму има помалку работа, но за тоа што го работиш важно е дека ги добиваш парите. Романија е во тешка ситуација. Нас како компанија ни останува Русија каде што работиме. Но, присутни сме и во Казахстан, таму пазарот се врати во живот иако први почнаа со проблемите, сепак се стабилизираше тој пазар и се враќа во живот, вели Дончев. За компаниите од градежниот сектор, најавените владини инвестиции во инфраструктурата, но и во изградбата на становите влеваат надеж, но, сепак останува прашањето кој ќе ги добива тендерите, домашните или странските компании.

Можеби ќе ве интересира

БРИТАНЦИТЕ ПЛАТИЛЕ ОДЛИЧНО ЗА НИВНИТЕ СВЕЧЕНИ ОДЕЖДИ, АМА „ЕДИНСТВО“ СЕПАК ОТИДЕ ВО МИНУС - еве што е маката на струмичкото претпријатие

БРИТАНЦИТЕ ПЛАТИЛЕ ОДЛИЧНО ЗА НИВНИТЕ СВЕЧЕНИ ОДЕЖДИ, АМА „ЕДИНСТВО“ СЕПАК ОТИДЕ ВО МИНУС - еве што е маката на струмичкото претпријатие

Во што „Стопанска банка Скопје“ вложи 40 милиони евра? Се спрема кредитна офанзива!

Во што „Стопанска банка Скопје“ вложи 40 милиони евра? Се спрема кредитна офанзива!

Фокус во Кина: Европските претпријатија гледаат на можностите за инвестирање во кинескиот Хубеи

Фокус во Кина: Европските претпријатија гледаат на можностите за инвестирање во кинескиот Хубеи

ДУИ со експанзија во угостителството

ДУИ со експанзија во угостителството

КИНЕЗИТЕ ДОБИВААТ УШТЕ ДВЕ ГОДИНИ РОК ЗА ИЗГРАДБА НА АВТОПАТОТ КОН ОХРИД: измените на законот пред пратениците, кој ќе го гласа?

КИНЕЗИТЕ ДОБИВААТ УШТЕ ДВЕ ГОДИНИ РОК ЗА ИЗГРАДБА НА АВТОПАТОТ КОН ОХРИД: измените на законот пред пратениците, кој ќе го гласа?

ЗА ЕДНО ЕВРО РУЧЕК И ПРЕВОЗ: Oва е најевтината земја за живеење

ЗА ЕДНО ЕВРО РУЧЕК И ПРЕВОЗ: Oва е најевтината земја за живеење

МИЗО ПОТВРДИ ДЕКА ЗА ОВА РАЗГОВАРАЛЕ СО МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ: Македонија треба да се адаптира на глобалниот минимален данок на добивка од 15 oтсто

МИЗО ПОТВРДИ ДЕКА ЗА ОВА РАЗГОВАРАЛЕ СО МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ: Македонија треба да се адаптира на глобалниот минимален данок на добивка од 15 oтсто

ПЧЕНИЦАТА ПОЕВТИНИ: Цената на златото и нафтата скокнаа

ПЧЕНИЦАТА ПОЕВТИНИ: Цената на златото и нафтата скокнаа

БИТИЌИ Е ОПТИМИСТ: Вели дека со влезот во ЕУ просечната плата ќе изнесува 1.300 евра

БИТИЌИ Е ОПТИМИСТ: Вели дека со влезот во ЕУ просечната плата ќе изнесува 1.300 евра