21 Јануари, 2020
0.0196

Владата го повлече предлог-законот со кој сакаше да ги ограничи протестите

Објавено во: Македонија 12 Ноември, 2019

Владата на почетокот на денешната седница во тетово објави дека ги повлекува предлог-измените на Законот за јавни собири по негативните реакции во јавноста дека нема да може да се протестира во околината на „Бихаќка“, Собранието, обвинителствата, судовите, општините и другите државни органи.

Од Влчадата велат дека има простор за разговори и подобрувања согласно Уставот и затоа го повлечува предлог-решението од Собранието. Од таму велат дека има простор за разговори и за подобрување на содржината со цел, како што се тврдо во известувањето, овозможување слобода на изразување на став на јавни простори низ јасно утврдени регулативи и исклучиво во согласност со Уставот на РСМ.

„Владата на Република Северна Македонија ги слушна забелешките на граѓанските организации за најавените предлог измени на Законот за јавни собири и на денешната 164-та седница одлучи да ги повлече предлог-измените со цел да се обезбеди поширока консултација“, се вели во соопштението.

Во Собранието беа доставени предлог-измени на Законот за јавни собири од страна на Владата, според кои се предвидуваат нови ограничувања кога станува збор за протестите, што предизвика негативни реакции на социјалните мрежи.

Најспорното е што се предлага јавните собири да се ограничат пред седиштата и околниот простор на органите на државната власт и просторот околу нив, како и пред резиденцијалните и репрезентативните објекти.

Според предлогот, ќе се ограничат протестите на сообраќајни површини од витално значење како тунели, премини преку пат на железничка пруга, мостови, надвозници, подвозници, гранични премини, пристап до гранични премини и крстосници..

За да се одржи еден протест ќе биде потребна бројка од најмалку 50 граѓани, наместо досегашните 20.


Можеби ќе ве интересира

ДИК повторно се прогласи за ненадлежна, овој пат на барање на Чулев

ДИК повторно се прогласи за ненадлежна, овој пат на барање на Чулев

Што има ВМРО-ДПМНЕ во „ракавот“ за Рекет, а јавноста не го знае

Што има ВМРО-ДПМНЕ во „ракавот“ за Рекет, а јавноста не го знае

Врховниот суд ќе ги преиспитува пресудите на Груевски и јанкулоска во „Тенк“

Врховниот суд ќе ги преиспитува пресудите на Груевски и јанкулоска во „Тенк“

ОТВОРЕНИ ПРАШАЊА ЗА ЗАКОНОТ ЗА ОТПИС НА КАМАТИ - Кој ќе ги штити правата на најранливите

ОТВОРЕНИ ПРАШАЊА ЗА ЗАКОНОТ ЗА ОТПИС НА КАМАТИ - Кој ќе ги штити правата на најранливите

Сугарески: ВМРО-ДПМНЕ свесно го кочи законот со кој 100 илјади граѓани треба да си го решат проблемот со домовите

Сугарески: ВМРО-ДПМНЕ свесно го кочи законот со кој 100 илјади граѓани треба да си го решат проблемот со домовите

Законот за забрана на увоз на отпад денеска на дневен ред, се носи по скратена постапка

Законот за забрана на увоз на отпад денеска на дневен ред, се носи по скратена постапка

Граѓани обезбедија храна, ќе се реновира и куќата на Јованови а од Мизрахи засега само ветување

Граѓани обезбедија храна, ќе се реновира и куќата на Јованови а од Мизрахи засега само ветување

РЕВОЛТИРАНИ РОДИТЕЛИ - Нема топол оброк во сите седум основни училишта во Аеродром, доцни изборот на фирма

РЕВОЛТИРАНИ РОДИТЕЛИ - Нема топол оброк во сите седум основни училишта во Аеродром, доцни изборот на фирма

Европската Комисија се подготвува за следење на судските предмети во Македонија

Европската Комисија се подготвува за следење на судските предмети во Македонија