29 Март, 2024
0.0234

Владата го реафирмира Агросоветот кој со години беше запоставен

Објавено во: Агробизнис 20 Март, 2019

Добивај вести на Viber

Владата на вчерашната седница донесе одлука за реафирмирање на работата на Советот за земјоделство и рурален развој односно Агросоветот кој со години беше целосно запоставен. Одлуката за негова повторна афирмација следува по консултација со сите засегнати страни со крајна цел да се креираат квалитетни земјоделски политики во интерес на земјоделството. Работата на Советот за земјоделство и рурален развој на министерството за земјоделство,шумарство и водостопанство му овозможува да креира интегрирана политика за земјоделство и рурален развој, како и поширока  дебата за прашањата и проблемите од областа на земјоделството и руралниот развој.

Улогата на Советот за земјоделство и рурален развој е да врши работи на консултативен механизам за политики, да прави планови и програми за развој на земјоделството и руралниот развој но и да дава мислење по однос на постигнати резултати од спроведувањето на мерките и инструментите за развој. Агросоветот треба да одржува континуиранаа комуникација меѓу МЗШВ и социјалните и економските партнери кои се вклучени во спроведување на мерките и инструментите за развој на земјоделството и руралниот развој заради постигнување консензус по одделни прашања од областа на земјоделството и руралниот развој, а особено од областа на уредување на земјоделските пазари. Во негова надлежност е разгледувањето и усвојувањето на годишните програми за работа на потсекторските групи и оперативни програми за техничка поддршка од интерес на одделни земјоделски производи или група производи, тоа треба да ги следи анализите на состојбите и препораките на образовните и научни институции, анализите за спроведување на политиките од областа на земјоделството и руралниот развој и други работи во врска со планирањето и спроведувањето на целите за развој на земјоделството и руралниот развој.

Инаку, Советот за земјоделство и рурален развој или Агросоветот беше формиран од страна на Владата во 2012 година. Неговото реафирмирање следува со носење на Одлука за изменување и дополнување на Одлуката за формирање на Советот поради промената на неколку членови на советот и претседатели на потсекторските групи.

Агросоветот ќе го води министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, а во него членуваат по еден претставник од трите најголеми национални здруженија на земјоделски производители по број на членови, по еден претставник од двете најголеми здруженија на преработувачи, по еден претставник од стопанските комори, по еден претставник од високообразовните и научните институции од областа на земјоделството,еден претставник од здружение на потрошувачи, еден претставник од здружение на единици на локалната самоуправа и еден претставник од здруженија за заштита на животната средина иеден претставник од здружението основано за унапредување на руралниот туризам.

Можеби ќе ве интересира

СЕ БЛИЖИ ВЕЛИГДЕН: Колку пари ќе ви требаат ако сакате да купите јагне?

СЕ БЛИЖИ ВЕЛИГДЕН: Колку пари ќе ви требаат ако сакате да купите јагне?

ОД ДЕНЕС ВЕДРО НЕБО И МНОГУ СОНЦЕ: Максималните дневни температури пролетно високи

ОД ДЕНЕС ВЕДРО НЕБО И МНОГУ СОНЦЕ: Максималните дневни температури пролетно високи