29 Март, 2024
0.0279

ВЛАДАТА ДО КСС КОИ ПРОТЕСТИРАА - не сте репрезентативен синдикат, а сепак сте вклучени во Економско-социјалниот совет, се што ние правиме, е во интерес на работниците

Објавено во: Економија 16 Април, 2021

Добивај вести на Viber

Откако вчера протестираа за работнички права, Владата денеска им возврати на КСС, кое вчера го изразија својот револт, од, како што рекоа, тешката состојба на работниците, за која не се грижи Владата.

Од Владата потенцираат дека тие го почитуваат основното право на синдикалното организирање и правото на протест, вклучително и вчерашниот протест на Конфедерацијата на слободни синдикати.

„Но, јавноста треба да знае дека ништо од она што е изнесено за време на протестот, а и во медиумските настапи на дел од синдикалното лидерство ниту најмалку не одговара на реалноста и на мерките и политиките што актуелната Влада ги донесе и ги спроведува во интерес на работниците“, се вели во владиното соопштение.

Напротив, како што тврдат од Владата, во сите нејзини мерки на прво место без исклучок биле работниците и зачувувањето на работните места, како и дека за сите одлуки коишто ги засегаат работничките права, од самиот почеток се консултираат сите чинители, стопанството, синдикатите, граѓаните.

„За неполни четири години минималната плата од 9.000 денари достигна повеќе од 15.000 денари и нема сектор во кој работниците земаат плата под минималната како што беше пред 2017 година. Тоа е повеќе од 6.000 денари месечно по лице или дури 72.000 денари повеќе за секој работник на годишно ниво“, велат од Владата.

Додаваат дека воспоставиле систем според кој минималната плата редовно ќе расте согласно економските позитивни текови, а тоа ниту една претходна влада не го направила.

„Во основното и средното образование платите се зголемени за 2.100 денари, а во високото за 3.200 денари. Со предложените измени ќе им биде трансформиран работниот однос од определено на неопределено време на околу 3.000 наставници во основните и средните училишта. Претходно, наставниците и стручните соработници беа неколку пати вработувани на јавни огласи на определено време, пред да ги исполнат условите за трансформација на работниот однос. Стравуваа дали ќе им се продолжи работниот однос секоја наредна учебна година“, тврдат од Владата.

Натаму, набројуваат дека се зголемени примањата и во одбраната, задравството, соцјалните работници, земјоделството...

Преку субвенционирањето на придонесите на фирмите, пак, потенцираат од Владата, за зголемувањето на платите на работниците до 6.000 денари, околу 200.000 вработени во реалниот сектор добија поголеми плати. Додаваат и дека историската неправда кон стечајните работници се реши за околу 12.000 лица кои добиваат месечен надоместок од 8.000 денари до нивното пензионирање, а се планира и нов Закон кој ќе опфати дополнителни лица од оваа категорија на граѓани.

„Економско-социјалниот совет е отворен дури и за оние синдикати кои не се репрезентативни. Дури и Конфедерацијата на слободни синдикати не е репрезентативен синдикат, а сепак е вклучена во работата на трипартитниот Економско-социјален совет. 
Конфедерацијата на слободни синдикати е дел од работната група во отворениот и инклузивен процес на креирање на новиот текст на Предлог-законот за работните односи и тоа е вистинското место за да ги искажат и да се залагаат за своите ставови со аргументи“, информираат од Владата во своето соопштение.

Од Владата се децидни дека недела ќе биде неработен ден, а оние работници кои ќе работат во недела поради неможноста да се прекинат технолошко-производствените процеси и услуги, ќе добијат гарантирано зголемена дневница – нешто што, како што велат, претходно многу ретко се почитувало, а сега тоа ќе биде ставено во самиот Закон за работните односи и ќе мора да се спроведува.

„Не е вистина дека откази се делат на синдикални лидери. Тоа го правеше Владата предводена од 11-годишниот режим, а денес доколку некој прекрши законски одредби кои ги штитат работниците ќе одговара пред пред судот на правдата. Во таа насока ако пораката на Конфедерацијата на слободни синдикати порачува дека се претерало, тогаш – да, оваа Влада ќе продолжи да ‚претерува' со почитувањето и обезбедувањето на работничките права и со социјално-економска поддршка на работниците“, велат од Владата до нивниот одговор до Конфедерацијата на слободни синдикати.

Можеби ќе ве интересира

ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА УО НА „ГРАНИТ“ СТРАШО МИЛКОВСКИ СЕ СТЕКНА СО 4.200 АКЦИИ - исто толку нови акции има и Ивана Милковска Симева, претседател на НО

ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА УО НА „ГРАНИТ“ СТРАШО МИЛКОВСКИ СЕ СТЕКНА СО 4.200 АКЦИИ - исто толку нови акции има и Ивана Милковска Симева, претседател на НО

ДОМАШНОТО ПРОИЗВОДСТВО НА МЛЕКО СЕ НАМАЛИЛО ЗА НАД 25 ПРОЦЕНТИ: статистика изброја и помалку говеда

ДОМАШНОТО ПРОИЗВОДСТВО НА МЛЕКО СЕ НАМАЛИЛО ЗА НАД 25 ПРОЦЕНТИ: статистика изброја и помалку говеда

БОГАТАШИТЕ И НИВНИТЕ ТЕЛЕФОНИ - ANDROID ИЛИ IPHONE: Овие видови мобилни ги користат Гејтс, Закерберг, Бафет и Безос

БОГАТАШИТЕ И НИВНИТЕ ТЕЛЕФОНИ - ANDROID ИЛИ IPHONE: Овие видови мобилни ги користат Гејтс, Закерберг, Бафет и Безос

ПОЗНАТИОТ ГОТВАЧ ЏЕЈМИ ОЛИВЕР ОТВОРИ РЕСТОРАН ВО НАШЕТО СОСЕДСТВО - еве каде точно се наоѓа и какви се цените

ПОЗНАТИОТ ГОТВАЧ ЏЕЈМИ ОЛИВЕР ОТВОРИ РЕСТОРАН ВО НАШЕТО СОСЕДСТВО - еве каде точно се наоѓа и какви се цените

ПЛАТЕНИ СЕ 45 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА 27 АКЦИИ НА „РЕПЛЕК“ - кој е инвеститорот во фармацевтската компанија

ПЛАТЕНИ СЕ 45 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА 27 АКЦИИ НА „РЕПЛЕК“ - кој е инвеститорот во фармацевтската компанија

Од 1 април зголемена минимална плата во Грција

Од 1 април зголемена минимална плата во Грција

ДУИ со експанзија во угостителството

ДУИ со експанзија во угостителството

ПРОДАЖБАТА НА ВИНО ДОНЕСЕ ПРИХОДИ ОД 950 ИЛЈАДИ ЕВРА, НО ОВА НЕ БЕА ЛЕСНИ ДЕНОВИ ЗА „ПОПОВА КУЛА“ - скапа струја и шишиња, недостиг од работници...

ПРОДАЖБАТА НА ВИНО ДОНЕСЕ ПРИХОДИ ОД 950 ИЛЈАДИ ЕВРА, НО ОВА НЕ БЕА ЛЕСНИ ДЕНОВИ ЗА „ПОПОВА КУЛА“ - скапа струја и шишиња, недостиг од работници...

КИНЕЗИТЕ ДОБИВААТ УШТЕ ДВЕ ГОДИНИ РОК ЗА ИЗГРАДБА НА АВТОПАТОТ КОН ОХРИД: измените на законот пред пратениците, кој ќе го гласа?

КИНЕЗИТЕ ДОБИВААТ УШТЕ ДВЕ ГОДИНИ РОК ЗА ИЗГРАДБА НА АВТОПАТОТ КОН ОХРИД: измените на законот пред пратениците, кој ќе го гласа?