25 Април, 2024
0.0291

Владата без лимит се гостела на Преспанскиот форум за дијалог

Објавено во: Македонија 07 Јули, 2021

Добивај вести на Viber

Членовите на Владата и нивните гости без лимит се гостеле на Преспанскиот форум за дијалог во Охрид и Отешево. Службените трошоци за угостителски услуги немале лимит, затоа што Владата непосредно пред настанот донела таква одлука на 23 јуни на владина седница.

Во одлуката за начинот на користење на висината на износот на средствата за угостителски услуги на територијата на земјата бил донесен став според кој лимитот на  угостителски услуги не се однесува при „одржување на: меѓународни конференции, меѓународни форуми, прием на странски делегации и пригодни свечености по повод јубилеи и празници на територијата на Република Северна Македонија".

По иницијатива на вицепремиерот за спречување на корупција, Љупчо Николовски, во Владата беше донесена одлука во април службените трошења за угостителските услуги да бидат лимитирани до 2.500 денари по лице за премиерот па до 1.000 денари по ручек за директорите на државните органи.  Со најновата одлука на Владата, ова не би важело за „Преспа форум за дијалог“.

За останатите ситуации, владиниот функционер доколку го пречекори лимитот, треба со свои лични средства да го исплати остатокот од сметката од работниот ручек најмноги три дена потоа. Треба да поднесе и извештај за природата и целта на работниот состанок, број на присутни лица, време, место и датум на работниот состанок. Без овие податоци, секторот за финансии во државниот орган не би извршил исплата а следуваат и санкции според кодексот за етичко однесување за членовите на Владата и носителите на јавни функции именувани од Владата. 

На „Преспа форум дијалог“ се собраа повеќе од триста гости меѓу кои беа сегашни и поранешни премиери и претседатели од регионот и високи државни претставници на САД и ЕУ, експерти, сегашни и поранешни челници на највисоките политички, безбедносни и финансиски институции, дипломати и професори. Настанот бил грижливо планиран цела една година

Од системот за јавни набавки може да се види дека Министерството за надворешни работи веќе склучило договор со „Голден Тур“ за 3,54 милиони денари во мај за „набавки на ресторански и хотелски услуги во земјата и закуп на конференциски сали преку туристичка агенција“.

А.К.


Можеби ќе ве интересира

ДИК: Tечат роковите од 48 часа за приговори, на трите места во Куманово нема да се прегласува

ДИК: Tечат роковите од 48 часа за приговори, на трите места во Куманово нема да се прегласува

МЕТА: Победата на Силјановска-Давкова ќе биде уште поголема во вториот круг

МЕТА: Победата на Силјановска-Давкова ќе биде уште поголема во вториот круг

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Што пишуваат за првиот круг од претседателските избори во Македонија?

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Што пишуваат за првиот круг од претседателските избори во Македонија?

(ВИДЕО) ГРУБИ СО КУФЕР ДОЈДЕ ПРЕД ОПШТИНА ЧАИР: Сега земете го куферот и одете дома

(ВИДЕО) ГРУБИ СО КУФЕР ДОЈДЕ ПРЕД ОПШТИНА ЧАИР: Сега земете го куферот и одете дома

ЕВЕ ВО КОЈА ОПШТИНА ВАНКОВСКА ГО ПРЕТРКА МАКСИМ, А КОЈ ЕЗЕРСКИ ГРАД СЕ ОПРЕДЕЛИ НАЈСИЛНО ЗА ДАВКОВА - гласање во најголемите места во внатрешноста

ЕВЕ ВО КОЈА ОПШТИНА ВАНКОВСКА ГО ПРЕТРКА МАКСИМ, А КОЈ ЕЗЕРСКИ ГРАД СЕ ОПРЕДЕЛИ НАЈСИЛНО ЗА ДАВКОВА - гласање во најголемите места во внатрешноста

Скендер Реџепи: На 8 мај нема да гласам ни за едниот, ни за другиот

Скендер Реџепи: На 8 мај нема да гласам ни за едниот, ни за другиот

„До последно се бореше, следеше настани и не се предаваше“: еве што кажа ќерката на Џаро, за неговите последни денови

„До последно се бореше, следеше настани и не се предаваше“: еве што кажа ќерката на Џаро, за неговите последни денови

КУЌЕН ПРИТВОР И МЕРКА НА ПРЕТПАЗЛИВОСТ ЗА ТАТКОТО НА ВАЊА: Врховен го преиначи решението на Апелација

КУЌЕН ПРИТВОР И МЕРКА НА ПРЕТПАЗЛИВОСТ ЗА ТАТКОТО НА ВАЊА: Врховен го преиначи решението на Апелација

Кајчев по првиот круг претседателски избори: Можно е да се влошат македонско-бугарските односи

Кајчев по првиот круг претседателски избори: Можно е да се влошат македонско-бугарските односи