27 Октомври, 2021
0.0291

Влада: Четворица германски крим-техничари ќе пристигнат деновиве

Објавено во: Македонија 14 Септември, 2021

Душко Арсовски, гласноговорникот на Владата, на денешната прес-конференција рече дека најавените германски експерти за испитување на причините за несреќата во тетовската модуларна болница се уште не се пристигнати дека се очекуваат деновиве.

„Германскиот тим од федералната криминалистичка служба кој што треба да пристигне деновиве по првичната претходница, составен е од четворица експерти од кои двајца крим техничари-форензичари за пожари и двајца крим техничари-форензичари за ласерско мерење на простории и за фотографирање.

Во МВР се подготвува план за поддршка во форма на алат, нацрти и планови и други информации кои ќе можат да помогнат. Ќе работат заедно со крим-техничарите на МВР како поддршка за Обвинителството“, изјави Арсовски како одговор на новинарско прашање.

Во ковид-болницата во тетово пожарот избувна изминатата среда на 8 септември, при што починаа 12 пациенти и двајца посетители. Владата ги најави германските експерти следниот ден на вонредната седница.

Можеби ќе ве интересира

Нови правила за влез во угостителски објекти од 15 ноември

Нови правила за влез во угостителски објекти од 15 ноември

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Власта порачува дека нема причина за загриженост, а опозицијата стравува дека ќе има рестрикции на струја

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Власта порачува дека нема причина за загриженост, а опозицијата стравува дека ќе има рестрикции на струја

Ќе важат и гласачките ливчиња на кои нема печат

Ќе важат и гласачките ливчиња на кои нема печат

Симоновски за изгорените бараки: Материјалите се лесно запаливи, станува збор за ламперија, преградни ѕидови, шпер плоча

Симоновски за изгорените бараки: Материјалите се лесно запаливи, станува збор за ламперија, преградни ѕидови, шпер плоча

Преземени се мерки против наставникот кој тепаше ученик во училиште во Бутел

Преземени се мерки против наставникот кој тепаше ученик во училиште во Бутел

Пациент истепал вработен во Психијатриската болница Демир Хисар

Пациент истепал вработен во Психијатриската болница Демир Хисар

Димитриевски: Градскиот стадион ќе добие целосно нов лик, со реконструкција во неколку фази

Димитриевски: Градскиот стадион ќе добие целосно нов лик, со реконструкција во неколку фази

(ФОТО) Горат бараки во Градски Парк

(ФОТО) Горат бараки во Градски Парк

Весковски: Стопирана изградбата на Прифатниот центар за странци во Бардовци, со одлука на Влада

Весковски: Стопирана изградбата на Прифатниот центар за странци во Бардовци, со одлука на Влада