23 Април, 2024
0.0261

Вкупна земјоделска продукција во РМ

Објавено во: Колумни 13 Февруари, 2019

Добивај вести на Viber

    Една од најважните цели на земјоделските производители е да ја зголемуваат вкупната продукција од година в година, која би требала да произлезе од зголемување на приносот  и соодветно ангажирање на производните ресурси.

  Како показател, вкупната продукција има значење за билансирање во односите  понуда и побарувачка, потоа кај извозот и увозот, па кај односот на примарно производство и финалното и сл.

  Сакавме да согледаме како се остварува вкупната продукција во последните пет години, дали има позитивно движење или стагнација, како и можноста да се согледа од страна на државата какви мерки е потребно да се преземат за подобра стабилизација на вкупната продукција.

  Заради споредба на продукцијата помеѓу гранки или групи култури, ја собравме продукцијата од  поедини култури или производи по години што дава можност да се оцени движењето во последните пет години споредбено по гранки или  групи култури (види табела).


  Житата се едни од најважните земјоделски производи од аспект што се основна храна за луѓето и од друга што тешко обезбедуваме доволна продукција за покривање на домашната побарувачка, па за таа цел заслужува посебно внимание на општеството.

  Движењето на продукцијата кај жита е релативно  нестабилно со релативно голема разлика по години,  па помеѓу 2016 година и 2017 година разликата е над 190 илјади тони. Вакви диференци по години создаваат нестабилно однесување на пазарот, нестабилни цени и др.

     Примерно: тој обем на производство (кој не ги одразува на можностите) овозможил да извеземе жита за 74 милиони долари, а да увезе за 87 милиони долари, што е далеку пониско од вообичаените над 100 милиони долари увоз на жито во Македонија. Податоците за продукцијата на жита се однесуваат на сите 6 вида жита кои ги прати македонската статистика.

  Се разбира дека највисоко учество во вкупната продукција на жита има пченицата со над 300 илјади тони (во 2016 година, или 48%).

Втора по обем е пченката со годишно производство во последните пет години помеѓу 120 илјади тони и 144 милион тони.

  Групата индустриска култура за жал е представена само од две култури и ако македонското поднебје се смести за погодно за повеќе индустриски култури кои се и одгледувани порано (памук,афион, сусам, шеќерна репа и др.) Во оваа продукција на индустриски култури од 32,4 илјади тони, тутунот учествува со околу 25 илјади тони, а сончогледот само со околу 7  илјади тони. Потребно ли е да спомнеме дека сончогледот е дефицитарен производ и на потрошувачите во Македонија им недостигаат околу 30 илјади тони.

  Вкупната продукција на зеленчук претставени се 9 најважни култури, покажува релативен пораст во последните години како и повисока стабилност од житата. И кај зеленчукот најниска продукција е остварена во 2013 година, а највисока во 2015 година со разлика од 46 илјади тони. Компирот е водечка култура по обемот на годишната продукција со близу 200 илјади тони, потоа пиперката, па доматот, бостанот и зелката чија продукција е помеѓу 130 до 180 илјади тони.

  Фуражната храна за добитокот покажува  последните години постојан пораст од околу 200 до близу 340 илјади тони. За жал и тука вкупната продукција е најмала во 2017 година како и кај некои други култури. Овде доминира со количини луцерката со околу 110 илјади тони годишно, потоа крмна  пченка со околу 100 илјади тони.

  Овоштарските производи се застапени како и  градинарските со 9 вида, се разбира со доминација на јаболката. И овде има релативна разлика по години, а  и тука најмала продукција е остварена во 2017 година. Во Македонија петогодишниот  пресек е 172,6 илјади тони, а највисока продукција е остварена во 2015 година од близу 225 илјади тони. Јаболката имаат најголема продукција како резултат на експанзација на подигање на насади со јаболки во последните  десетина години што предизвикува сериозно влијание на пазарот на понуди и ниска откупна цена. Средната големина на продукцијата на јаболка е околу 100 илјади тони,  релативно нестабилна по години. Останатите овошни видови имаат приближно исти придонес во вкупната продукција. Кај овоштарството треба да се истакне дека има релативно количини на продукција од ситно обоено овошје, за жал не се  опфатени   со статистички информации.

  Грозјето покажува исто како и кај другите култури (спомнати досега) нестабилност по години и со највисока продукција во 2016 година, а најниска во 2017 година.

  Според податоците од табелата, во Македонија годишно во просек се произведува 31,9 илјади тони месо, а според податоците за увоз (С.Г.на РМ) годишно увезуваме месо и преработки  кои достигнуваар до 160 милиони долари. Во структурата на вкупно произведено месо, свинското има највисоко учество кое во 2017 година изнесува 27,3%. Говедското месо е со годишна продукција од околу 5 илјади тони, а овчото нешто под 4 илјади тони годишно.

  Вкупното производство на млеко (овчо и козјо) покажува релативна стабилност по години со количини од близу 4500 милиони литри годишно, во кое кравјото млеко учествува со 87,8% (2017 год.). во меѓународната размена, извезуваме млеко и млечни производи за околу 12 милиони долари, а увезуваме за околу 60 милиони долари. Значи дека производството на млеко во голема мера не ги задоволува потребите на домашниот пазар.

  Производството на јајца има нестабилни движења со годишно производство од 203 до 248 милиони броја.

  Производство на мед е исто нестабилно со тренд на опаѓање особено во 2017 година кога во споредба со количините на произведен мед во 2016 година, истото е намалено за над 400 тони.

  Може да се изведе глобален заклучок дека вкупната продукција на најважните земјоделски производи не е во согласност со условите што ги обезбедува македонското поднебје, почва и искусни земјоделци. 

Проф.Б.Анакиев,  Проф.Ромина Кабранова 

Можеби ќе ве интересира

Оружје за Украина - пари за САД

Оружје за Украина - пари за САД

Кина и Русија продолжуваат со градењето на мултиполарниот поредок

Кина и Русија продолжуваат со градењето на мултиполарниот поредок