08 Декември, 2024
0.0662

Вива по четврти пат е избрана за најпознат бренд во категоријата „Природни сокови“ од страна на потрошувачите

Објавено во: Мои пари 12 Ноември, 2024

Добивај вести на Viber

По четврти пат, Вива е најпознат бренд и прв избор на потрошувачите во 2024 година кога станува збор за природни сокови, покажува најновото истражување „Најпознати брендови според потрошувачите" на агенцијата Инсајдер ИД. Со препознатливост на брендот од 31% во категоријата „Природни сокови", Вива ја потврди долгорочна доверба на потрошувачите во производите на компанијата.  

Наодите се дел од сеопфатната студија „Преферирани ланци на маркети и најпознати брендови за 2024-та година“, реализирана на национално ниво преку персонални интервјуа со 1 200 активни потрошувачи. Истражувањето овозможува прецизен увид во перцепциите и преференциите на македонските потрошувачи.

„Благодарни сме на нашите потрошувачи за довербата која ни ја укажуваат и што сме нивен прв избор како најпознат бренд за сокови во Македонија. Веќе четири години по ред, ова престижно признание е потврда дека нашата посветеност на квалитетот и производството со сопствена преработка на свежо овошје и зеленчук  е препознаена и вреднувана. Наградата е уште еден показател дека се движиме во вистинската насока и дека нашата определба за врвен квалитет е препознаена на пазарот“, истакнуваат од компанијата.

Истражувањето на агенцијата Инсајдер ИД, кое четврта година по ред спроведува сеопфатна анализа во 16 различни категории, го потврдува континуираното лидерство на Вива во сегментот на природни сокови. Ваквиот успех е резултат на долгорочната стратегија на компанијата за одржување високи стандарди во производство и иновативен пристап кон пазарот.

Во својата јубилејна година од основањето, Вива не само што ја задржува водечката позиција, туку поставува и нови стандарди во индустријата. Компанијата континуирано го надградува својот асортиман следејќи ги современите трендови и специфичните потреби на потрошувачите. Посветеноста кон високи стандарди и континуиран развој останува главен двигател во растот на брендот, кој веќе три децении успешно гради доверба кај македонските потрошувачи.

Плановите за иднина на компанијата вклучуваат понатамошни инвестиции во развој на нови производи и технологии, со цел да се задржи водечката позиција на пазарот, како и зголемување на пазарното учество на светските пазари.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

„Макпетрол“ го освои 50 медал на најсилните карате натпреварувања

„Макпетрол“ го освои 50 медал на најсилните карате натпреварувања

Фероинвест и ЕМС споделуваат искуства со германски компании за модернизации во приватниот енергетски сектор

Фероинвест и ЕМС споделуваат искуства со германски компании за модернизации во приватниот енергетски сектор

Ивица Карапетров, заменик управител на рудниците Бучим и Боров Дол: Усогласувањето со ЕСГ стандардите е наша стратешка определба за современ развој и напредок

Ивица Карапетров, заменик управител на рудниците Бучим и Боров Дол: Усогласувањето со ЕСГ стандардите е наша стратешка определба за современ развој и напредок

Нова група на волонтери на Мировен Корпус положи заклетва

Нова група на волонтери на Мировен Корпус положи заклетва

Златен медал за Стојановиќ од „Макпетрол“ на светската младинска карате лига во Венеција

Златен медал за Стојановиќ од „Макпетрол“ на светската младинска карате лига во Венеција

Се прашувате што да подарите за новогодишните празници? Што велите за подарок ваучери од dm?

Се прашувате што да подарите за новогодишните празници? Што велите за подарок ваучери од dm?

Енергетска стабилност и брза реакција во услови на потенцијални кризни ситуации - Формирана Комисијата за следење на снабдувањето со електрична енергија

Енергетска стабилност и брза реакција во услови на потенцијални кризни ситуации - Формирана Комисијата за следење на снабдувањето со електрична енергија

Не очекува нов бран на поскапување на кафето!

Не очекува нов бран на поскапување на кафето!

„Соба на бајките“ - Зоран Спасов Ѕоф и „Арс Ламина“ донираа библиотека во Детската клиника - Скопје

„Соба на бајките“ - Зоран Спасов Ѕоф и „Арс Ламина“ донираа библиотека во Детската клиника - Скопје