20 Април, 2024
0.0255

ВИСТИНСКА БУРА ОД РЕАКЦИИ: Комерцијална банка објави поделба на дивиденда во ист ден кога НБМ забрани да се дели

Објавено во: Финансии 26 Февруари, 2021

Добивај вести на Viber

Две одлуки кои станаа јавни денеска направија вистинска бура на домашниот банкарски пазар, но и на пазарот на капитал. Народната банка соопшти дека донела Одлука за привремено ограничување на распределбата и исплатата на дивиденда на акционерите на банките. Речиси во исто време излезе најавата на Комерцијална банка за одржување на годишното собрание на акционери на кое како предлог одлука е и рапределбата на добивката за минатата година од која дел ќе се исплати како дивиденда за акционерите.

Собранието на акционери е закажано за 29 март годинава.

„Вкупниот износ на делот од добивката за имателите на обични акции се предлага да изнесува 1.367.440.200 денари, односно 600 денари по акција (на бруто-основа), што изнесува 60 отсто од поединечната номинална вредност на акциите, стои во предлог одлуката за распределба на добивката на Комерцијална банка.

 Дел од добивката кој ќе оди за резерви е во износ од 294.526.091 денари, додека се предлага да се распредели износ од 250.000.000 денари во задржана добивка (реинвестирана добивка) за инвестициско вложување кое ќе служи за развојни цели и проширување на дејноста на Банката, преку вложување во материјални и нематеријални средства. 

Фактор испрати прашање до Комерцијална банка и чекаме одговор за тоа како ќе реагираат на одлуката на Народната банка, годинава банките да не смеат да делат дивиденда од добивката за минатата година.  

„Најновите показатели потврдуваат дека банкарскиот систем успешно ја одржува својата стабилност, при што кредитите и натаму растат, а капиталните позиции на банките се стабилни. Сепак, неизвесноста од корона-кризата сè уште трае. Поради тоа, со Одлуката донесена на денешната седница, којашто е времена мерка, се делува превентивно, за натамошно зголемување на отпорноста на банкарскиот систем и одржување на стабилноста, во услови на неизвесност околу понатамошниот тек на здравствената криза“, соопштија од НБМ.

Одлуката е од привремен карактер и ќе важи до крајот на оваа година, а Народната банка, најдоцна до 30 септември, повторно ќе ги оцени околностите со пандемијата поради кои е донесена одлуката. Во зависност од оцената, Народната банка може предвремено да го укине ограничувањето од оваа одлука.

Одлуката предизвика силна реакција и на Макеоднска берза, а акционерите се комплетно збунети.

Васко Митев директор на Илирика Инвестментс во Македонија за Фактор вели дека овој развој на настаните се одрази негативно на апзарот.

„Инвеститорите и акционерите во земјава негативно реагираа на ова. Одлуката за поделба на дивиденда е донесена на Надзорен одбор и Собранието е веќе закажано. Нашата берза е кревка и сензитивна, затоа ова значеше и ладен туш. Сепак одлуката е времена и секако долгорочно е добра затоа што Народната банка ја донесе заради претпазливост и за стабилност на банкарскиот сектор, вели Митев.

А.Т.

Можеби ќе ве интересира

БЕРЗИТЕ СО ГОЛЕМИ ЗАГУБИ - индексот S&P 500 падна петти ден по ред

БЕРЗИТЕ СО ГОЛЕМИ ЗАГУБИ - индексот S&P 500 падна петти ден по ред

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо

„Доколку не се остварат ризиците, олабавување на монетарната политика во втората половина од годинава“: гувернерката Ангеловска-Бежоска за ВОА

„Доколку не се остварат ризиците, олабавување на монетарната политика во втората половина од годинава“: гувернерката Ангеловска-Бежоска за ВОА

ПОИСПЛАТЛИВО ИМ Е ДА ЖИВЕАТ ВО ХОТЕЛ, ОТКОЛКУ ВО СТАН ПОД КИРИЈА: Неверојатни цени на киријата во Швајцарија

ПОИСПЛАТЛИВО ИМ Е ДА ЖИВЕАТ ВО ХОТЕЛ, ОТКОЛКУ ВО СТАН ПОД КИРИЈА: Неверојатни цени на киријата во Швајцарија

НА ЕДНА ПЛАНИНА ВО СОСЕДСТВОТО ИМА ЗЛАТО ЗА ПОЛА ЕВРОПА: Стрикленд Металс влезе во „профитабилната српска игра за злато“

НА ЕДНА ПЛАНИНА ВО СОСЕДСТВОТО ИМА ЗЛАТО ЗА ПОЛА ЕВРОПА: Стрикленд Металс влезе во „профитабилната српска игра за злато“

ЗА 100 ИНВЕСТИРАНИ МНОГУ БРЗО ДОБИВАТЕ 10.000 евра: Криптовалутите станаа најбезбедна инвестиција, а пазарот покажува раст на цените

ЗА 100 ИНВЕСТИРАНИ МНОГУ БРЗО ДОБИВАТЕ 10.000 евра: Криптовалутите станаа најбезбедна инвестиција, а пазарот покажува раст на цените

Генерали Инвестментс: Централните банки ги држат пазарите на капитал во неизвесност

Генерали Инвестментс: Централните банки ги држат пазарите на капитал во неизвесност

„ВО ХРВАТСКА СЕ СЀ НАПЛАЌА, ДУРИ И ТУШОТ НА ПЛАЖА“: Сместувањето рипна на 90 евра од ноќевање, сезоната се уште не е започната, а многумина предвидуваат пропаст

„ВО ХРВАТСКА СЕ СЀ НАПЛАЌА, ДУРИ И ТУШОТ НА ПЛАЖА“: Сместувањето рипна на 90 евра од ноќевање, сезоната се уште не е започната, а многумина предвидуваат пропаст

ГОТОВО Е: Познат е датумот кога ќе заврши „копањето“ на биткоин

ГОТОВО Е: Познат е датумот кога ќе заврши „копањето“ на биткоин