06 Јули, 2020
0.0428

Вишок пари од патниците на организираните авионски летови завршија во Фондот на Владата

Објавено во: Економија 01 Јуни, 2020

Вишок на средства, платени за билети од нашинците, кои работат во странство, за организираните авионски летови од страна на Владата за време на корона-кризата, останале во Генералниот секретаријат, иако засега не е прецизирано за колкава сума на пари станува збор.

Ова е јасно откако Владата со измена на уредбата во петокот одлучила овие пари да одат во Фондот за помош и поддршка за справување со кризата предизвикана од коронавирусот, иако не се наведува дали се барало согласност за тоа од илјадниците македонските државјани кои беа враќани од европските земји додека таму беа затекнати на работа кога се затвораа границите па се најдоа во незавидна ситуација.

Станува збор за „парични средства во износ од разликата од средствата за авионските билети кои ги платиле патниците за организираниот авионски превоз од и до Меѓународниот аеродром Скопје до износот на средства кои Генералниот секретаријат ги уплатил на авиопревозникот кој го вршел превозот“, како што пишува во уредбата која стапува на сила веднаш.

Тоа значи дека овие пари одат во истиот владин фонд во кој може да донираат сите физички и правни лица, а пред се функционерите именувани од Владата, управителите на државните органи и јавните претпријатија, пратениците, градоначалниците и останатите раководители и директори.

На 24 март Владата донесе уредба за организирање авионски превоз на македонски граѓани со моментален престој во странство на територијата на Македонија за време на вонредна состојба по претходно прибавена листа на пријавени патници и јавен повик за прибирање на понуди за чартер летови од градовите во Европа до Македонија. Лицата при влез во авионот потпишуваа договор во кој гарантираат дека ќе ја исплатат сумата определена за авионскиот билет на сметка на Владата во рок од 15 дена од денот на пристигнувањето. Секој патник имаше обврска самостојно да го плати авионскиот лет, при што вкупната цена на чартер летот се дели со бројот на патници сместени во авионот, објасни тогаш Владата.  При слетување на аеродромот во Скопје, за граѓаните беше организиран автобуски превоз до државниот карантин,

Од опозицијата беше обвинет владиниот генерален секретар Драги Рашковски дека се служи со наводни манипулации со хуманитарните летови и дека ќе сноси одговорност, на што тој објасни дека овие граѓани сами си го плаќаат летот, а авиокомпанијата „Визер“ е најевтината понуда во прилика кога мора да „се спасат заглавените деца, македонски државјани во странство“.

Авионски летови беа организирани од Минхен, Бон, Берлин, Ла Валета, Загреб, Љубљана, Истанбул, Стокхолм, Копенхаген, Ајндховен, Венеција, Виена, Базел, Лондон, Брисел, Париз и други. Најмногу поплаки имаа државјаните од заедниците во Германија и Малта, од каде што некои реагираа дека цените за превоз се поголеми од вообичаените комерцијални летови и од истите летови на други организатори, како и на тоа дека не е однапред познато колку треба да се плати.

„Никогаш не била соопштена однапред позната цена на летот по патник одделно. Таа се дефинира откако ќе се затвори листата на патници по авион, после што цената на летот се дели со бројот на патници, и така се утврдува конечната цена што секој патник е должен да ја плати откако ќе пристигне во државата. За условите под кои се организираат овие летови, сите наши граѓани затекнати во други држави навреме и детално се информирани“, гласеше тогаш објаснувањето од Владата

А.К.



Можеби ќе ве интересира

ВО ПЕНЗИЈА КОГА ЌЕ ЗАВРШИ ПАНДЕМИЈАТА: Дел од највозрасните здравствени работници се уште во првите редови против вирусот

ВО ПЕНЗИЈА КОГА ЌЕ ЗАВРШИ ПАНДЕМИЈАТА: Дел од највозрасните здравствени работници се уште во првите редови против вирусот

Следи ли мега распродажба на илјадници квадрати деловен простор на улица „Македонија“?

Следи ли мега распродажба на илјадници квадрати деловен простор на улица „Македонија“?

МАПАС со добивка и приходи како да е приватен пензиски фонд

МАПАС со добивка и приходи како да е приватен пензиски фонд

Проверете дали сте добиле 100.000 денари: Извлечени добитниците на МојДДВ

Проверете дали сте добиле 100.000 денари: Извлечени добитниците на МојДДВ

И препакувана морска риба е македонски производ

И препакувана морска риба е македонски производ

Ампева: Државата давала субвенции, газдите не им исплатувале плата на текстилните работници

Ампева: Државата давала субвенции, газдите не им исплатувале плата на текстилните работници

Порасна минималецот: Од месецов повисока плата

Порасна минималецот: Од месецов повисока плата

ПАНДЕМИЈАТА ГИ ОСТАВИ БЕЗ РАБОТА: Повеќе од 3.500 невработени имаме во јуни

ПАНДЕМИЈАТА ГИ ОСТАВИ БЕЗ РАБОТА: Повеќе од 3.500 невработени имаме во јуни

ВО КРИЗА ПОРАДИ ПАНДЕМИЈАТА: Руската економија е на колена

ВО КРИЗА ПОРАДИ ПАНДЕМИЈАТА: Руската економија е на колена