20 Април, 2024
0.0268

Вишеградската група и ние

Објавено во: Мои пари 19 Ноември, 2019

Добивај вести на Viber

Колку пати и да се повторуваат некои работи, изгледа само примерите од практиката можат да нѐ уверат во исправноста на некои позиции и ставови. Во однос на прашањето за регионалната економска соработка, примерот на земјите од Вишеградската група е токму таков – цврстата соработка која овие земји ја развија во изминативе години не само што им го олесни нивниот пат кон европската интеграција туку и придонесе за нивен забрзан економски раст. Оваа формација на четирите централноевропски земји, Полска, Чешка, Словачка и Унгарија, овозможи зацврстување на нивната меѓусебна соработка во повеќе полиња од заеднички интерес, но и за зачувување и унапредување на нивните заеднички вредности и традиции во големото европско семејство.

Што е најважно, Вишеградската група не е креирана како алтернатива на процесите за пристапување кон ЕУ на овие земји, ниту има цел да доведе до изолација или да го спречи зајакнувањето на врските на државите од Вишеградската група со останатите држави. Напротив, има само цел да ги искористи придобивките од нивниот заеднички пат, но и да обезбеди наградување врз нивните заеднички темели. 

Што донесе оваа зајакната соработка во Вишеградската група на економски план? Најблаго речено, донесе економски бум! Вкупната трговска размена на стоки меѓу земјите од Вишеградската група во 2017 година изнесува 165 194 милиони САД$, што во однос на 2003 година, пред приклучувањето на земјите во ЕУ, кога изнесувала 37 775 милиони САД$, е зголемена речиси за повеќе од трипати, односно за 337 %. Во рамките на истата трговска размена на стоки, во наведениве споредбени години, извозот остварил раст од 378 %, со позабрзана динамика на раст од 82,7 индексни проценти од растот кај увозот од 295 %.

На пример, кај Словачка, вкупната трговска размена со земјите од Вишеградската група од 9 727 милиони САД$ во 2003 година е зголемена на 38 479 милиони САД$ во 2017 година или за речиси трипати (295,6 %). Извозот е зголемен за 332 %, а увозот за 258 % или повисок раст на страната на извозот за 74 индексни проценти од растот на увозот. Во случајот на Словачка, извозот кон Полска е зголемен за пет пати, кон Унгарија за речиси 4 пати, а кон Чешка за речиси два и пол пати. На спротивната страна, увозот во 2017 година од Унгарија е зголемен за над 4 пати (418 %), со Полска за четири и пол пати, односно 457 %, а со Чешка за 170 %, во споредба со 2003 година.

Колку и да звучи едноставно, оваа лекција ние на Западниот Балкан, за жал, и по толку години, никако да ја научиме. При секоја иницијатива за олеснување и за зацврстување на заемната соработка се јавуваат сеништа, лоши мисли, разноразни концепции и теории за заднински планови, кои на крајот резултираат со тоа економиите од Западен Балкан да бидат дури и позатворени меѓу себе отколку кога било претходно.

Податоците за размената покажуваат дека вкупната размена со земјите од Западен Балкан, за жал, долги години ја одржуваме на истото ниво. Во 2018 година, на пример, размената со земјите од Западен Балкан учествува со 9,77 % во вкупната размена на Република Северна Македонија со светот и вкупниот обем на размена останува на приближно истото ниво во последниве 7 години при што обемот на размена изнесува меѓу 1 200 и 1 550 милиони САД$.


Затоа искуствата на Вишеградската група треба да ни бидат најдобрата лекција – само заеднички можеме забрзано да растеме. Целосното и слободно движење на стоки, на услуги, на капитал и на работна сила низ целиот регион е најдобриот начин за мал регион како ЗБ-6 да генерира раст во брзодвижечката, глобална економија. Регионалната соработка ќе собере приближно 20 милиони луѓе на заеднички и обединет пазар преку подобрување на животниот стандард низ целиот регион, обезбедување можности за граѓаните и подготовка на целиот регион за членство во ЕУ и за подобро утре. Секој предлог што може да ни донесе зголемување на меѓусебната соработка за три или четири пати, како во случајот на земјите од Вишеградската група, треба да се поддржи со полна верба.

П. С. И Балканот има град по име Вишеград – и таму има еден прекрасен мост кој го изградил турскиот голем везир Мехмед Паша Соколовиќ во 1577 година. Тоа е мостот што ги поврзува босанските планини со косовските низини. Тоа е мостот на единствениот пат што водел до престолнината на Отоманската Империја. И за тој мост опишан во книгата „Мостот на Дрина“ во 1961 година Иво Андриќ ја доби Нобеловата награда за литература. По 1961 година се зборуваше дека реката Дрина е граница меѓу Истокот и Западот, и дека тој мост е практично врската меѓу двата света. Зошто тој наш Вишеград да не биде мостот од каде ќе почне новата балканска реалност по примерот на Вишеградската група? Или, како и досега, тоа ќе биде место на раздорот меѓу балканските држави... 


Бранко Азески, претседател

Стопанска комора на Македонија


Можеби ќе ве интересира

„Арс Ламина“ со седум награди од Македонската асоцијација на издавачи на Саемот на книга 2024 година

„Арс Ламина“ со седум награди од Македонската асоцијација на издавачи на Саемот на книга 2024 година

„Скарбо“ од Јадранка Владова се враќа во нашите библиотеки

„Скарбо“ од Јадранка Владова се враќа во нашите библиотеки

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ во недела доаѓа во Градски парк на Школка

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ во недела доаѓа во Градски парк на Школка

ФОТО-ВЕСТ: Караванот на ДИК ги посети Штип, Конче, Струмица, Куманово и Старо Нагоричане

ФОТО-ВЕСТ: Караванот на ДИК ги посети Штип, Конче, Струмица, Куманово и Старо Нагоричане

Еуромакс Ресоурцес со последно предупредување пред арбитража за рудникот за бакар „Иловица-Штука“

Еуромакс Ресоурцес со последно предупредување пред арбитража за рудникот за бакар „Иловица-Штука“

Д-р Неле Карајлиќ: Третиот дел на „Солунска 28“ е роман за сексот, дрогата и рокенролот, со носталгија за 80-тите години

Д-р Неле Карајлиќ: Третиот дел на „Солунска 28“ е роман за сексот, дрогата и рокенролот, со носталгија за 80-тите години

Подготовката за пат не е целосна без Visa Travel на Халкбанк

Подготовката за пат не е целосна без Visa Travel на Халкбанк

Работете за најголемите светски брендови од Македонија: Секој нов вработен добива бонус за добредојде – се бара само 1 услов!

Работете за најголемите светски брендови од Македонија: Секој нов вработен добива бонус за добредојде – се бара само 1 услов!

ТЕ ЧЕКА ВЕЛИГДЕНСКА СРЕЌА ВО СКОПЈЕ СИТИ МОЛ!

ТЕ ЧЕКА ВЕЛИГДЕНСКА СРЕЌА ВО СКОПЈЕ СИТИ МОЛ!