13 Септември, 2024
0.0258

ВИРУСОТ ЗАПАДЕН НИЛ ЗЕМА ЖИВОТИ: Пет жртви во Севилја, граѓаните на нозе

Објавено во: Свет 03 Септември, 2024

Добивај вести на Viber

Жителите на покраината Севилја организираат протест барајќи од властите посериозно да реагираат во борбата против вирусот Западен Нил, кој ова лето предизвика пет смртни случаи во оваа јужна шпанска покраина. Вирусот се пренесува на луѓето кога комарците ќе каснат заразени птици, а потоа и луѓе.

Протестот ќе се одржи во градот Исла Мајор во покраината Севилја, а го организира платформата „Борба против вирусот Западен Нил“, која бара засилена реакција од локалните и националните власти во контролата на ширењето на болеста. Регионалната влада на Андалузија ги повика луѓето на смиреност, најавувајќи дека ќе ја зголеми соработката меѓу покраините и градовите во борбата против вирусот.

Покраина погодна за размножување на комарци
Семејството на Гранада Ромеро Руиз, 86-годишна жена која ова лето почина од вирусот, напиша писмо до локалните власти непосредно пред нејзината смрт, изразувајќи „бес и очај“. „Оваа трагедија можеше да се избегне доколку се однесувавте со одговорност и човечност во вашите удобни канцеларии, што го очекуваме од вашата позиција,“ порачаа тие.

Семејството го обвини за ширењето на вирусот неуспехот во фумигацијата на оризовите полиња во нивна близина. Фумигацијата подразбира процес на уништување на инсекти со гас. Модесто Гонзалес, градоначалникот на градот Кориа дел Рио, каде што од вирусот починаа три лица, ја повика централната влада да се координира со локалните власти за да се преземат подрастични мерки против вирусот.

„Ова го надминува локалното подрачје и не може повеќе да се губи време, бидејќи животите на луѓето се во опасност,“ изјави тој. Комарците го пренесуваат вирусот од птици на луѓе и други цицачи. Во покраината Севилја ова лето се регистрирани 61 случај на зараза. Поради своите мочуришта и оризови полиња, покраината е погодна за размножување на комарци, пишува BBC.

Во повеќето случаи нема или има слаби симптоми
Џорди Фигуерола од Шпанскиот национален истражувачки совет објасни дека блага зима и влажна пролет го поттикнале ширењето на вирусот оваа година.

„Веројатно е дека циркулацијата на вирусот Западен Нил ќе продолжи да расте,“ најави тој. Предупреди дека е потребна подобрена координација помеѓу локалните и националните влади, како и земјоделците, за да се обезбеди соодветна фумигација на оризовите полиња.

Во западниот регион Екстремадура, кој исто така има значајни мочуришни подрачја, забележани се 17 случаи. Во повеќето случаи, вирусот Западен Нил предизвикува или многу слаби симптоми или ги нема. Во околу 20 проценти од случаите, неговите ефекти се посериозни, вклучувајќи главоболка, висока температура и промени на кожата.

Во помалку од пет проценти од случаите, симптомите се исклучително сериозни и може да доведат до смрт. Особено ранлива група се постарите лица.

фото: EPA-EFE/JAGADEESH NV

Можеби ќе ве интересира

РУСИТЕ САКААТ ДА ГИ ПРОТЕРААТ УКРАИНЦИТЕ ОД КУРСК: Путин им даде рок до кога треба да заврши операцијата

РУСИТЕ САКААТ ДА ГИ ПРОТЕРААТ УКРАИНЦИТЕ ОД КУРСК: Путин им даде рок до кога треба да заврши операцијата

Орбан: Германија конечно се разбуди, остана уште еден чекор кој не е интелектуално тежок

Орбан: Германија конечно се разбуди, остана уште еден чекор кој не е интелектуално тежок

НА ПОЗНАТИОТ БАНКАР МУ СЕ ГУБИ СЕКАКВА ТРАГА: Никој не знае каде исчезнал, а на банкарската сметка легнала мистериозна уплата од дури 11 милиони долари!

НА ПОЗНАТИОТ БАНКАР МУ СЕ ГУБИ СЕКАКВА ТРАГА: Никој не знае каде исчезнал, а на банкарската сметка легнала мистериозна уплата од дури 11 милиони долари!

ЕВРОПА СЕ ПОДГОТВУВА ЗА НАЈЛОШОТО: Се откажуваат настани, се распоредува војска! Доаѓа невидено невреме

ЕВРОПА СЕ ПОДГОТВУВА ЗА НАЈЛОШОТО: Се откажуваат настани, се распоредува војска! Доаѓа невидено невреме

НАД 30 ИЛЈАДИ РАБОТНИЦИ ВО БОИНГ ШТРАЈКУВААТ - го одбија понуденото зголемување на платите

НАД 30 ИЛЈАДИ РАБОТНИЦИ ВО БОИНГ ШТРАЈКУВААТ - го одбија понуденото зголемување на платите

ЗЕЛЕНСКИ ПОТВРДИ ДЕКА РУСИТЕ ПОЧНАЛЕ КОНТРАОФАНЗИВА ВО КУРСК: Украина го предвидела овој нивни потег

ЗЕЛЕНСКИ ПОТВРДИ ДЕКА РУСИТЕ ПОЧНАЛЕ КОНТРАОФАНЗИВА ВО КУРСК: Украина го предвидела овој нивни потег

„Некои земји од ЕУ ги преувеличуваат трошоците за климатската транзиција“: Европскиот суд на ревизори со сериозна забелешка

„Некои земји од ЕУ ги преувеличуваат трошоците за климатската транзиција“: Европскиот суд на ревизори со сериозна забелешка

ДЕБАТА: КОЈ ПОБЕДИ, А КОЈ ДОЖИВЕА ПОРАЗ? Еве што велат аналитичарите

ДЕБАТА: КОЈ ПОБЕДИ, А КОЈ ДОЖИВЕА ПОРАЗ? Еве што велат аналитичарите

ДАЛИ Е ОВА КРАЈОТ НА ШЕНГЕН? Потегот на Германија го урна идеалот за слободно движење, земјите од ЕУ се бесни

ДАЛИ Е ОВА КРАЈОТ НА ШЕНГЕН? Потегот на Германија го урна идеалот за слободно движење, земјите од ЕУ се бесни