ВИРУСОТ ПОБРЗО СЕ РАЗМНОЖУВА: Со недоволен број вакцинирани, ќе има инови мутации, предупреди д-р Ивануша
Објавено во: Балкан 02 Август, 2021
Шефот на канцеларијата на Светската здравствена организација
(СЗО) во Белград, д -р Маријан Ивануша, посочи дека најдобрата заштита од
коронавирус е вакцинацијата, нагласувајќи дека никој не може со сигурност да
потврди дека е можно целосно да се искорени овој вирус.
- Очекуваме да можеме да го ставиме вирусот под контрола преку вакцинирање, бидејќи тоа е најбезбедниот начин да се стекне имунитет и да се заштитиме. Се надеваме дека 40 проценти од светското население ќе биде вакцинирано до крајот на оваа година, а 70 проценти до крајот на следната година.Сведоци сме дека вирусот често мутира. Со недоволен број вакцинирани, има паралелно голем број заразени лица, така што вирусот се многу брзо се размножува и се поверојатно е да се појават нови мутации - изјави шефот на канцеларијата на СЗО во Белград, д -р Маријан Ивануша.
Истивремено предупреди дека невакцинираните луѓе се изложени на висок ризик од инфекција, да се разболат сериозно и да го пренесуваат, и како што вели, ризикот се зголемува кога вирусот ќе мутира во нови видови што се шират побрзо.
ФОТО: Printscreen RTS