19 Април, 2024
0.0288

Vip ги отвора вратите и за домашните миленици на своите корисници

Објавено во: Мои пари 11 Декември, 2018

Добивај вести на Viber

Како компанија посветена на обезбедување целосно искуство за своите корисници и посетители во продажните салони,  Vip со задоволство го најавува отворањето на вратите и за нивните домашни миленици во првите 5 продажни салони.

Од денеска, во продажните салони на Vip лоцирани во Градскиот Трговски Центар, Трговскиот Центар Лептокарија во Карпош, Трговскиот Центар Бисер во населба Аеродром и продажните салони во Охрид и Битола посетителите се добредојдени и со своите миленици. Од сега, корисниците не треба да размислуваат каде ќе ги згрижат своите миленици додека тие ги извршуваат потребните активности во некој од салоните на Vip.

Ова е многу важна тема за сопствениците на милениците, вели Маја Ангеловска, директорка за продажба на приватни корисници во Vip. Свесни сме за големата приврзаност и љубов на корисниците кон нивните домашни миленици, но истовремено и за нивната потреба да ги посетат нашите салони, а притоа нивните миленици да се згрижени и да престојуваат на безбедно место. Овие неколку салони во нашата мрежа ги исполнуваат условите сите посетители да се чувствуваат пријатно кога бираат телекомуникациски решенија што најмногу им одговараат на нивните комуникациски потреби, извршуваат плаќања на сметките или едноставно сакаат да се информираат за новитетите во нашата понуда. Убедени сме дека ова е само почеток на уште подобро искуство меѓу нас во Vip и нашите корисници. ”, вели Ангеловска.

Со цел милениците и корисниците да поминат пријатни моменти во салоните, миленикот треба да биде на поводник и постојано придружуван од неговиот сопственик. Заштитна маска е задолжителна за оние миленици за кои оваа мерка е предвидена со законски одредби.  Инаку, оваа активност не е единствената на Vip посветена на домашните миленици. Ексклузивно преку продажната мрежа на Vip е достапен и уникатниот уред  наменет за домашните миленици – MyKi Pet што им помага на сопствениците на домашни миленици да го следат нивното движење и локацијата на која се наоѓаат и тоа во реално време користејќи Android/iOS апликација. 


Можеби ќе ве интересира

Д-р Неле Карајлиќ: Третиот дел на „Солунска 28“ е роман за сексот, дрогата и рокенролот, со носталгија за 80-тите години

Д-р Неле Карајлиќ: Третиот дел на „Солунска 28“ е роман за сексот, дрогата и рокенролот, со носталгија за 80-тите години

Подготовката за пат не е целосна без Visa Travel на Халкбанк

Подготовката за пат не е целосна без Visa Travel на Халкбанк

Работете за најголемите светски брендови од Македонија: Секој нов вработен добива бонус за добредојде – се бара само 1 услов!

Работете за најголемите светски брендови од Македонија: Секој нов вработен добива бонус за добредојде – се бара само 1 услов!

ТЕ ЧЕКА ВЕЛИГДЕНСКА СРЕЌА ВО СКОПЈЕ СИТИ МОЛ!

ТЕ ЧЕКА ВЕЛИГДЕНСКА СРЕЌА ВО СКОПЈЕ СИТИ МОЛ!

Втора конференција „Чувари на мудроста“ BACK 2 BACK: Спојуваме генерации раскажувајќи успешни приказни

Втора конференција „Чувари на мудроста“ BACK 2 BACK: Спојуваме генерации раскажувајќи успешни приказни

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција

Светот на Биби на 36. издание на Саем на книга

Светот на Биби на 36. издание на Саем на книга

ВТОРА ГОДИНА ПО РЕД „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ПРОГЛАСЕНА ЗА НАЈПОСАКУВАН РАБОТОДАВЕЦ

ВТОРА ГОДИНА ПО РЕД „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ПРОГЛАСЕНА ЗА НАЈПОСАКУВАН РАБОТОДАВЕЦ

Бидете во чекор со светските модни трендови за вашата матурска вечер

Бидете во чекор со светските модни трендови за вашата матурска вечер