19 Април, 2024
0.0441

Вилма Русковска со писмо ја појасни својата СМС порака која крена прашина

Објавено во: Македонија 22 Ноември, 2019

Добивај вести на Viber

Обвинителката од ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција Вилма Русковска, испратила писменото образложение за нејзината СМС порака која е топ тема деновиве. 

Русковска денеска испратила писмо до Основното јавно обвинителство и до Советот на јавни обвинители, а во врска со СМС пораката што завчера предизвика бура во судските кругови, а која била упатена до еден од тројцата судии во Апелацискиот суд кои одлучувале за куќниот притвор на поранешната специјална јавна обвинителка, Катица Јанева, осомничена во „Рекет“.

Членовите на Советот на јавните обвинители сметаат дека не се надлежни да го оценуваат случајот со заканувачката СМС порака која обвинителката  Русковска ја испратила до Јани Нича, еден од судиите кои одлучија да ја пуштат поранешната специјална јавна обвинителка, Јанева во домашен притвор.  

Пораката на Русковска дека ќе отвори финансиска истрага против судиите кои одлучија Jанева, да замине во домашен притвор била испратена до судијата Јани Нича. Откако судиите ја објавија јавно содржината, ја обвинија Русковска дека им се меша во работата, односно врши притисок со што се нарушува угледот на судиите.

Претходно, министерката за правда, Рената Дескоска, смета дека фамозната СМС-порака на обвинителката која ја испрати до еден од членовите на Кривичниот совет на Апелациониот суд Скопје е суштински јасна, без разлика во каков стил е напишана.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Почна кампањата за парламентарните избори, ветувања за подобар живот за граѓаните

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Почна кампањата за парламентарните избори, ветувања за подобар живот за граѓаните

ВАНКОВСКА: Ќе се заложам за намалување на воениот буџет

ВАНКОВСКА: Ќе се заложам за намалување на воениот буџет

СТО НАЈВЛИЈАТЕЛНИ ЛИЧНОСТИ ВО СВЕТОТ СПОРЕД „ТАЈМ“: На листата се најде Македонката Светлана Мојсов

СТО НАЈВЛИЈАТЕЛНИ ЛИЧНОСТИ ВО СВЕТОТ СПОРЕД „ТАЈМ“: На листата се најде Македонката Светлана Мојсов

МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО ДО СПЕЦИЈАЛИЗАНТИТЕ: Решение ќе има после изборите

МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО ДО СПЕЦИЈАЛИЗАНТИТЕ: Решение ќе има после изборите

КОВАЧЕВСКИ ЗА ИЗЈАВАТА НА ОСМАНИ ЗА ОТВОРЕН БАЛКАН: Политичарите како во избори, даваат изјави што треба, што не треба

КОВАЧЕВСКИ ЗА ИЗЈАВАТА НА ОСМАНИ ЗА ОТВОРЕН БАЛКАН: Политичарите како во избори, даваат изјави што треба, што не треба

Доживотен затвор за убиената жена во Кочани со 40 убоди со нож

Доживотен затвор за убиената жена во Кочани со 40 убоди со нож

ДУИ на симулирана седница ги избра Бујар и Села за претседатели и направи уставни измени

ДУИ на симулирана седница ги избра Бујар и Села за претседатели и направи уставни измени

СОНК: Иако е период на избори, најверојатно ќе почне генерален штрајк во установите од културата

СОНК: Иако е период на избори, најверојатно ќе почне генерален штрајк во установите од културата

ГЕСТ ЗА ПРИМЕР И ПОЧИТ! Која фирма за свои сограѓани од Свети Николе ќе даде над 250.000 евра?

ГЕСТ ЗА ПРИМЕР И ПОЧИТ! Која фирма за свои сограѓани од Свети Николе ќе даде над 250.000 евра?