16 Мај, 2021
0.0234

ВИКТОР МИЗО: Поради падот на автомобилската индустрија во Европа, и во странските компании што работат тука ќе забават плановите за вработување

Објавено во: Економија 10 Април, 2021

Автомобилската индустрија бележи лош старт откако почна годинава. Бројките за првото тримесечје покажуваат пад до 15 отсто од планираното, или до 25 отсто во спредба со лани. Намалената побарувачка на нови автомобили, големите залихи од минатaта година, недостатокот на микропроцесори и пожарот во фабрика за нивно производство во Јапонија се причините реалноста да биде посурова од очекувањата, вели претседателот на Асоцијацијата на странски компании со напредни технологии во развојните зони, Виктор Мизо, во изјава за ТВ Сител.

„Бројките не одат во насока кои беа очекувани. Според последните бројки од оваа недела, веќе, на глобално ниво, 2,4 милиони возила оваа година помалку ќе бидат произведени, заради овој недостаток, со тоа што најголемото влијание ќе биде на европскиот пазар. Сите овие услови ќе придонесат оваа година да се произведат за 1/3 или 800.000 помалку возила во Европа отколку што се планираше. Во вториот квартал се очекуваат уште полоши бројки, а падот е од 5 до 15 отсто“, изјави Виктор Мизо. 

Од случувањата на европскиот пазар, ќе зависи колку брзо ќе биде опоравувањето кај нас. Засега, отпушатања на вработени нема, но нема ни нови вработувања.

„Дури некаде во третиот квартал се надевам дека ќе стигнеме до оние првобитно буџетирани бројки, но се ќе зависи од случувањата во Западна Европа, пред се од вакцинирањето и како тоа ќе ја афектира економијата. Но тоа не значи дека овде ќе имаме намалување на бројот на вработените, но ќе има забавување на брзаината на растот. Така што, сите оние планови што биле за да се вработат луѓе, тоа е одложено некаде за средината или втората половина на годината“, нагласува Мизо.

Инаку, во 20те компании кои произведуваат делови за автомобилската индустрија работат над 30,000 лица. Токму овие фирми го билдаат индустриското производство и обезбедуваат половина од вкупниот извоз.

Можеби ќе ве интересира

ЕДЕН РЕГИОН, ЕДНА ЕКОНОМИЈА

ЕДЕН РЕГИОН, ЕДНА ЕКОНОМИЈА

Бугарите штедат и во време на пандемија

Бугарите штедат и во време на пандемија

Иако е во сенка на златото, цената на среброто забрзано расте

Иако е во сенка на златото, цената на среброто забрзано расте

Хрватска ги отвора вратите за сезонците, можете да заработите до 1.200 евра

Хрватска ги отвора вратите за сезонците, можете да заработите до 1.200 евра

Мизо: Ризици постојат, ќе има зголемување, но тоа ќе биде далеку од онаа состојба во 2019 година

Мизо: Ризици постојат, ќе има зголемување, но тоа ќе биде далеку од онаа состојба во 2019 година

Советникот на Заев, Александар Обрадовиќ, поставен за директор на ЕЛЕМ Трејд

Советникот на Заев, Александар Обрадовиќ, поставен за директор на ЕЛЕМ Трејд

Кој му плати на Туџаров 440.000 евра: Првиот човек на Реплек продава акции од компанијата

Кој му плати на Туџаров 440.000 евра: Првиот човек на Реплек продава акции од компанијата

АНА-МПА: Заев со успешни средби со Хеленик Петролеум, нафтоводот може да се активира на лето

АНА-МПА: Заев со успешни средби со Хеленик Петролеум, нафтоводот може да се активира на лето

Државата почна да му ја исплаќа А1 Арена „Борис Трајковски“ на Град Скопје, платена првата рата од милион евра

Државата почна да му ја исплаќа А1 Арена „Борис Трајковски“ на Град Скопје, платена првата рата од милион евра