19 Април, 2024
0.0261

Виктор Димовски прв владин директор со коефициент 4 и со поголема основна плата од Рашковски, Лукаревска, Китанов....

Објавено во: Финансии 16 Септември, 2019

Добивај вести на Viber

Виктор Димовски, првиот човек на Агенција за национална безбедност, која започна со работа на почетокот на септември и се формираше на местото на поранешната Управа за безбедност и контраразузнавање, е наедно и првиот директор именуван од Владата кој достигна основна плата со коефициент 4. Тоа значи дека месечниот приход на поранешниот државен секретар на МНР изнесува четири месечни плати. Просечната плата во моментов изнесува 25.205 денари.

Димовски во јуни беше назначен за директор на ова безбедносно тело, кое беше формирано како независно од МВР и се уште се екипира, додека законот за нејзиното работење беше донесен во мај. Влада во јули истовремено ја воведува и функцијата заменик-директор на оваа агенција која ја превзема Ариф Асани со основна плата од 2,9 просечни исплатени приходи од редовно вработување.

Владата на седницата одржана на 9 јули донела одлука за изменување на одлуката за утврдување на коефициенти за пресметување на платата на функционерите кои ги именува според која платата со коефициент 3.3 на функцијата директор на УБК, односно директор на Агенцијата за национална безбедност му се зголемува на коефициент 4, така што Димовски стартува со овој личен доход.

Пребарувањето на „Фактор“ во службениот регистар покажа дека Димовски сега како функционер именуван од Владата ја има најголемата основа за плата и единствена што достигнала коефициент 4. Ваквата споредба сепак е условна, бидејќи во целокупниот месечен доход се пресметува и минатиот труд, односно стаж. Последен и единствен пат функцијата директор на Управата за безбедност и контраразузнавање доби зголемување од 2,8 на 3,3 просечни плати во октомври 2008.

Тоа значи дека Димовски и сите понатамошни раководители на безбедносната агенција ќе имаат поголема основна плата и од генераниот секретар на Владата, функција која во моментов ја има Драги Рашковски и до сега котираше највисоко со коефициент од 3,7 просечни плати. Најголеми коефициенти во меѓувреме имаа претседателот на Советот за јавни набавки и членовите на Советот за јавни набавки со коефициентот од 3,8, односно 3,7, но овие функции беа законски укинати минатата година. Едни од најплатените директорски позиции кои ги именува Владата се и онаа на Дирекцијата за технолошко-индустриски развојни зони (Александар Младеновски), Управата за јавни приходи (Сања Лукаревска), Царинската управа (Ѓоко Танасоски), ЈП за државни патишта (Зоран Китанов) Агенцијата за промоција на странски инвестиции (Арбен Вила), а голем коефициент имаат и платите на националните координатори како оној за НАТО (Дане Талески, претходно Стево Пендаровски).

Покрај тоа што се зголемуваат коефициентите на функционерите, се воведуваат и нови институции, па така актуелната власт назначи и директор  на Агенцијата за примена на јазикот што го зборуваат најмалку 20 отсто од граѓаните на РСМ (Илбер Села) со коефициент 3, а 3.3 одреди за новите национални координатори за развој на културата, односно за здравство - Роберт Алаѓозовски и Гоце Чакароски, како и плати со коефициент 3 за заменик национален координатор за спречување на насилен екстремизам и заменик национален координатор за борба против тероризам, како и заменик на директорот на Службата за општи и заеднички работи со коефициент 2,6. Актуелната Влада на Зоран Заев, освен платата на директорот на Агенцијата за национална безбедност, ја покачи уште и таа на државните правобранители кои ги именува.

Владата на Груевски со „масовно“ зголемување на основицата

Претходната владеачка гарнитура го зголемуваше коефициентот на платите на Директорот на ТИРЗ, Агенција за промоција на странски инвестиции, државниот правобранител, националните координатори за НАТО и за намалување на ризици од несреќи и катастрофи, директорот на Агенцијата за остварување на правата на заедниците,заменик генералниот секретар на Владата. На 28 октомври 2008 тогашната Влада на Никола Груевски донесе одлука за масовно зголемување на платите за околу половина просечна тогашна македонска плата, а на некои и повеќе од тоа, за повеќе од 70 директори на разни управи, заводи, агенции, претпријатија, фондови, инспекторати, служби, совети, затвори, дирекции, комисии, бироа. Платите се зголемени за функциите на повеќе заменици-директори, секретари, а меѓу нив и за еден национален координатор и за владиниот портпарол. Беше одредена платата и за три нови директориски функции.

Владата на Владо Бучковски од 2005 им ги зголемува платите на директорот на Царинската управа, на директор на Управата за јавни приходи, како и на уште седум директори и неколку заменици-директори, функции од кои некои од нив до денес дополнително им се зголемуваше платата. Владата во 2005 година ги утврди првите коефициенти на 100 тина функционери, меѓу кои поголемиот дел директори и нивни замениици. Најголем коефициент од три тогашни просечни плати имаа државниот правобранител, секретарот за законодавство и директорите на царина и УЈП. Просечната исплатена нето-плата во 2005 година беше околу 13.000 денари.

Се редат нови раководства

Во меѓувреме беа воведени уште повеќе јавни функции како национален координатор за борба против тероризам, истражители на воздухопловни несреќи и сериозни инциденти, директор на Управата за електронско здравство, директор на Геолошкиот завод на  Македонија, претседател на Советот за унапредување и надзор на ревизијата,  владин агент на Бирото за застапување на Македонија пред Европскиот суд за човекови права, државен секретар во министерствата, Секретаријатот за европски прашања и Секретаријатот за спроведување на Рамковниот договор, специјален претставник на Владата на Република Македонија за прашања од областа на европските интеграции, директор на Агенцијата за управување со одземен имот, на Дирекцијата за задолжителни резерви на нафта и нафтени деривати, на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, на Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и десетина други.

А.К.


Можеби ќе ве интересира

БЕРЗИТЕ СО ГОЛЕМИ ЗАГУБИ - индексот S&P 500 падна петти ден по ред

БЕРЗИТЕ СО ГОЛЕМИ ЗАГУБИ - индексот S&P 500 падна петти ден по ред

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо

„Доколку не се остварат ризиците, олабавување на монетарната политика во втората половина од годинава“: гувернерката Ангеловска-Бежоска за ВОА

„Доколку не се остварат ризиците, олабавување на монетарната политика во втората половина од годинава“: гувернерката Ангеловска-Бежоска за ВОА

ПОИСПЛАТЛИВО ИМ Е ДА ЖИВЕАТ ВО ХОТЕЛ, ОТКОЛКУ ВО СТАН ПОД КИРИЈА: Неверојатни цени на киријата во Швајцарија

ПОИСПЛАТЛИВО ИМ Е ДА ЖИВЕАТ ВО ХОТЕЛ, ОТКОЛКУ ВО СТАН ПОД КИРИЈА: Неверојатни цени на киријата во Швајцарија

НА ЕДНА ПЛАНИНА ВО СОСЕДСТВОТО ИМА ЗЛАТО ЗА ПОЛА ЕВРОПА: Стрикленд Металс влезе во „профитабилната српска игра за злато“

НА ЕДНА ПЛАНИНА ВО СОСЕДСТВОТО ИМА ЗЛАТО ЗА ПОЛА ЕВРОПА: Стрикленд Металс влезе во „профитабилната српска игра за злато“

ЗА 100 ИНВЕСТИРАНИ МНОГУ БРЗО ДОБИВАТЕ 10.000 евра: Криптовалутите станаа најбезбедна инвестиција, а пазарот покажува раст на цените

ЗА 100 ИНВЕСТИРАНИ МНОГУ БРЗО ДОБИВАТЕ 10.000 евра: Криптовалутите станаа најбезбедна инвестиција, а пазарот покажува раст на цените

Генерали Инвестментс: Централните банки ги држат пазарите на капитал во неизвесност

Генерали Инвестментс: Централните банки ги држат пазарите на капитал во неизвесност

„ВО ХРВАТСКА СЕ СЀ НАПЛАЌА, ДУРИ И ТУШОТ НА ПЛАЖА“: Сместувањето рипна на 90 евра од ноќевање, сезоната се уште не е започната, а многумина предвидуваат пропаст

„ВО ХРВАТСКА СЕ СЀ НАПЛАЌА, ДУРИ И ТУШОТ НА ПЛАЖА“: Сместувањето рипна на 90 евра од ноќевање, сезоната се уште не е започната, а многумина предвидуваат пропаст

ГОТОВО Е: Познат е датумот кога ќе заврши „копањето“ на биткоин

ГОТОВО Е: Познат е датумот кога ќе заврши „копањето“ на биткоин