Викајќи Алах акбар избол војник
Објавено во: Свет 17 Септември, 2019
Мигрант од Јемен на возраст од 23 години извикувајќи Алах акбар избол војник во Италија.
Инцидентот се случил денеска пред Централната станица во Милано.
Војникот е ранет во вратот и рамото. Напаѓачот избегал, но брзо полицијата го уапсила.
34-годишниот војник е однесен во блиската болница на итен третман, од каде што велат дека неговата состојба не е опасна по живот и покрај длабоката рана на вратот.
Напаѓачот носел ножици и бил редовен посетител на станицата.
Тој во понеделникот е спречен на железничката станица да прободе минувач со пенкало.