(ВИДЕО+ФОТО) ТАЖНА СЛИКА ОД ИРАК: Во пустина секој ден се погребуваат по 80 тела
Објавено во: Свет, Корона Вирус 27 Јули, 2020
Пустина во Ирак се претворила во гробишта каде коронавирусот „коси“.
Во пустината се погребани 3.000 жртви на коронавирусот. При погребувањето помагаат и припадници на војската.
Роднините ги преземаат и телата на починатите од мртовечницата бидејќи вработените не сакаат да ги допираат ако лицата починале од коронавирус.
Болниците се преполни со заразени.
„Ги заразив моите мајка, татко, брат и сестра. Ја убив мајка ми со свои раце. Мојата мајка беше дома без инфекција. И јас го донесов вирусот дома. Сето тоа бидејќи работам во болница", вели еден здравствен работник.
Секој ден во пустината се погребуваат по 80 луѓе.
Во Ирак има над 4.500 починати, и повеќе од 112.000 заразени.