(ВИДЕО+ФОТО) СНЕГ ДО ПОКРИВИТЕ: Копаат тунели за да излезат од дома
Објавено во: Свет 20 Јануари, 2020
Рекордно висока снежна покривка има во делови од Канада.
Луѓето копаат тунели за да излезат од дома, бидејќи се затрупани со снег.
Куќите и автомобилите се целосно прекриени со снежни наноси, а илјадници домови се без електрична енергија.
Владата размислува да ја ангажира армијата, откако цели населени места беа парализирани од обилните врнежи од снег. Прогласена е вонредна состојба во Њуфаундленд. Висината на снежната покривка надмина 76 сантиметри, а ветерот создаде наноси.
„Само децата се среќни, осумгодишниот син Конор ужива бидејќи не мора да оди на училиште“, изјави Ли Антл (39) од Сент Џонс, која го снимала сопругот како ја отвора вратата од гаражата.Патиштата се непроодни, а се советува граѓаните да не ги напуштаат домовите.
Министерот за животна средина, Семус О’Реган, им порача на жителите дека владата веќе работи на распоредување на сите расположиви ресурси.
Се појави и видео од скијачи и сноубордери на улиците.
На последниот ден од 2019 година, снегот создаде хаос во Канада. Летови беа откажани во градовите Монтреал, Торонто, Квебек и Отава.