(ВИДЕО+ФОТО) Лавата „голта“ се пред себе на Канарските острови
Објавено во: Свет 21 Септември, 2021
На Канарските острови, лавата „голта“ куќи и шума. Засега нема информација за повредени. Лавата зафати 103 акри и уништи 166 домови. Досега, околу 6.000 од 80.000 кои се жители на островот биле принудени да ги напуштат своите домови.
„Луѓето од областа Таканда Алто беа евакуирани во понеделникот навечер и вторникот наутро, откако лавата почна да еруптира од втората пукнатина на вулканот Камбре Виеја“, изјави градоначалникот на Ел Пасо, Серхио Родригез за државната телевизија ТВЕ.
Лавата која извира од првата вулканска ерупција на Канарските Острови во последните 50 години ги принуди властите да евакуираат друг дел од општината Ел Пасо на островот Ла Палма.