(ВИДЕО) ЗАПАЛЕНИ ДВЕ ПОЛИЦАЈКИ НА ПРОТЕСТИ: Oва видео го обиколи светот
Објавено во: Свет 06 Ноември, 2019
Снимка од запалени полицајки на насилните протести во Чиле го обиколи светот.
Две полициски службенички се повредени во повеќедневните протести и судири во Чиле. Повредените полицајки се на возраст од 20 и 25 години и двете се припаднички на специјалната полиција во градот Сантјаго. Нив во болница ги посети министерот за внатрешни работи Гонзало Блумел, кој го осуди нападот.
Веќе две недели има судири на демонстрантите (кои на улиците излегоа поради зголемувањето на цената на јавниот превоз) со полицијата, а досега се повредени повеќе од 800 полицајци и околу 1.600 демонстранти. Имаше и над 15 смртни случаи, при што луѓето изгореа во запалени маркети или беа застрелани.
СОДРЖИНАТА НА СНИМКАТА МОЖЕ ДА БИДЕ ВОЗНЕМИРУВАЧКА: