(ВИДЕО) ЗАБАВА ВО БиХ: Човек пукал со митралез
Објавено во: Балкан 20 Април, 2021
Корона забава во Бoсна и Херцеговина заврши со пукање од митралез.
Инцидентот се случил во Кадино Врело. Според порталот „Кликс“, еден од присутните го прославувал 18-от роденден.
На видеото кое се шири на социјалните мрежи, се гледа дека во просторијата влегува човек кој во рацете има и митралез, а веднаш започнува да пука. Тука завршува снимката. Порталот пренесува дека од полицијата потврдиле дека човекот е уапсен и дека никој не е повреден.