20 Април, 2024
0.0477

(ВИДЕО) „ВРИЕ“ ВО ЕРМЕНИЈА: Се бара оставка од Пашинјан кој пак обвини за обид за државен удар

Објавено во: Свет 25 Февруари, 2021

Добивај вести на Viber

Ерменците масовно излегоа денес на улиците на главниот град Ереван откако премиерот Никол Пашинјан ја обвини војската за обид за пуч.

Од 45-годишниот Пашинјан се бара оставка поради, како што тврдат неговите критичари, погубното отстапување во крвавиот шестнеделен судир на азербејџанските и ерменските сили лани.

„Немаме непријатели во Ерменија. Имаме само браќа и сестри“, додаде премиерот.

Тој е под притисок на опозицијата откако Азербејџан ја порази Ерменија во војната за покраината Нагорно Карабах, која заврши со договор за прекин на конфликтот на 10 ноември и со кој Азербејџан доби големи делови од територијата во планинската зона на Кавказот. Пашинјан е поранешен новинар кој дојде на власт во мирната револуција во мај 2018 година и одбива да отстапи и покрај протестите на опозицијата. Кажа дека ја презема одговорноста за она што се случи, но дека сега треба да се врати безбедноста на земјата. Русија, земја која им е сојузник со воена база објави дека е загрижена околу тензиите во поранешната советска република и повика на смирување. 

Во регионот Нагорно - Карабах, Ерменците ги напуштија своите домови, ги запалија, а ги откопаа и гробовите и ги пренесоа телата на своите предци. Азербејџанците уништуваа верски храмови во местата кои Ерменците ги напуштија. 

foto EPA-EFE


Можеби ќе ве интересира

ЦУК: Oд Унгарија со хеликоптер е донесен наш државјанин кој доживеал мозочен удар

ЦУК: Oд Унгарија со хеликоптер е донесен наш државјанин кој доживеал мозочен удар

АРГЕНТИНА ГИ ЈАКНЕ ВРСКИТЕ СО ЗАПАДОТ: Сака да биде партнер на НАТО

АРГЕНТИНА ГИ ЈАКНЕ ВРСКИТЕ СО ЗАПАДОТ: Сака да биде партнер на НАТО

ЗА ТРИ ГОДИНИ: Триста илјади Полјаци од странство се вратиле дома

ЗА ТРИ ГОДИНИ: Триста илјади Полјаци од странство се вратиле дома

ИМААТ ПОВЕЌЕ ОД ИЛЈАДА ВОЈНИЦИ: САД ја повлекуваат војската од Нигер

ИМААТ ПОВЕЌЕ ОД ИЛЈАДА ВОЈНИЦИ: САД ја повлекуваат војската од Нигер

ДЕТЕ ВО ТЕКСАС СЕ ЗАКАНУВАЛО НА СОУЧЕНИК: Во полиција открило дека пред две години убило човек

ДЕТЕ ВО ТЕКСАС СЕ ЗАКАНУВАЛО НА СОУЧЕНИК: Во полиција открило дека пред две години убило човек

ЗАГИНА ПРИ НАПАД СО ДРОН: Во Украина е убиен руски новинар

ЗАГИНА ПРИ НАПАД СО ДРОН: Во Украина е убиен руски новинар

(ВИДЕО) УКРАИНА ГО ГАЃАШЕ БЕЛГОРОД: Загинаа две лица

(ВИДЕО) УКРАИНА ГО ГАЃАШЕ БЕЛГОРОД: Загинаа две лица

ГАЗА: На секои 10 минути едно дете е убиено или повредено

ГАЗА: На секои 10 минути едно дете е убиено или повредено

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) ЧОВЕК СЕ ЗАПАЛИ ПРЕД СУДОТ ВО ЊУЈОРК: Ова се случи откако е објавено дека е избрана порота за случајот против Трамп

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) ЧОВЕК СЕ ЗАПАЛИ ПРЕД СУДОТ ВО ЊУЈОРК: Ова се случи откако е објавено дека е избрана порота за случајот против Трамп