(ВИДЕО) Во Франција протестираат „Црните елеци“, полицијата апсеше
Објавено во: Свет 13 Јули, 2019
„Црните елеци“ во Париз бараат дозвола за престој.
Во Париз полицијата уапси 37 луѓе кои го опколија познатиот Пантеон, барајќи да добијат дозволи за престој.
Демонстрантите, кои илегално живеат во Франција, бараат состанок со премиерот Едуард Филип.
Тие побараа власта да ги регулира нивните документи за да имаат исти права како Французите.