(ВИДЕО) Во албански учебник пишува дека Косово е Србија
Објавено во: Балкан 19 Септември, 2019
Албански ученици учат дека Косово е Србија.
Во албанските учебници по географија за основно училиште во Косово, Република Косово е претставена како дел од државата Србија, пренесува „Спутник“ цитирајќи ја телевизијата „Клан Косова“.
Оваа грешка предизвика вистинска бура во Косово, а поединци отидоа дотаму што заклучиле дека на овој начин е доведен во прашање и суверенитетот на државата Косово.