(ВИДЕО) Ветерот на Халкидики носеше маси, столови, корнеше дрвја
Објавено во: Балкан 11 Јули, 2019
Ветерот носел столици, маси, корнел дрвја од земјата, ги фрлал на возилата и рестораните.
Ветер со брзина од 120 километри на час, кој спаѓа во ураган од прва категорија вчера дуваше на Халкидики во Грција.
Во невремето загинале најмалку 7 лица, меѓу кои и две деца, а повредени се околу 120 луѓе.
Романка настрадала кога ветерот на таверната фрлил киоск, па кровот и паднал директно на главата. Нејзиниот син (8) се обидел да и помогне, но ветерот го подигнал и силно отфрлил на земја, после што и детето починало.
Во овој дел од Грција е прогласена вонредна состојба. Зад себе невремето остави пустош. Нема повредени македонски туристи.