19 Април, 2024
0.0279

(ВИДЕО) Ваучери, домашни гости, пеколни журки - Како Охрид се справи со КОВИД-19 кризата?

Објавено во: Македонија 21 Септември, 2020

Добивај вести на Viber

Македонскиот бисер ова лето беше главно прибежиште во КОВИД-19 ера на туризмот со оглед на затворените граници и ограничувањата за патување во странство како и ризикот од заразување, речиси секој го посети Охрид. Особено гужви беа видливи за време на продолжениот празничен викенд за 2 август.


Сепак, туризмот и угостителството е сектор кој е најпогоден од кризата. Проценките се дека ќе има пад и од 90% на приходите во туризмот и илјадници работни места во ризик. Перо Кутановски директор на хотел Гранит, вели дека ова е промашена година, нема ниту еден странец, а сите однапред склучени договори се пропаднати.

Исто и Константин Георгиевски градоначалникот на општина Охрид смета годинава ќе имаме огромни загуби откако 2019 беше рекордна година во туризмот по бројот на ноќевања и остварени приходи.

За жал, во Охрид имаше и големи проблеми со непочитување на мерките за држење дистанца, особено на една од популарните плажи на Градиште. Дали ѓаволот ја однесе шегата со кластер журките на Градиште? Засега медицинските власти велат дека има десетина заразени со корона вирус од оваа масовна журка.

Сепак, по интервенцијата на инспекциските служби во Охрид беше многу помирно. Немаше масовни журки на Градиште, а посетителите се забавуваа на безбедна дистанца.

"Се осеќа, нормално луѓето се малку постигнати, држат повеќе дистанца. Се повеќе претпазливи, не можат да се опуштат до максимум затоа што имаме пандемија. Ама, мора да се пазиме, ова е новото нормално како што се вели и ќе мора да се пазиме за да продолжи животот напред", ни изјави еден ДЏ кој ја забавуваше публиката на плажите на Градиште.

Го запрашавме и што беше со забавите кои ги видовме на интернет со големи гужви?

"Најголема критика, што и да кажам тоа би било малку. Нормално, мора да проработи многу свеста кај луѓето ако сакаме да продолжиме напред", вели диџејот.

Охрид како космополитски град, според д-р Горан Балевски директор на општата болница, има посетители од секаде кои се ако добијат симптоми на КОВИД-19 се третираат подеднакво. Лекарите и медицинските сестри како и целосниот персонал во текот на летото и туристичката сезона е буквално на првите борбени линии. Со оглед на големиот број на посетители, ризиците од ширење на корона вирусот, но и на бројните сообраќајни несреќи, тепачки, повреди и други видови на патологии прават болницата постојано да е на готовс и да биде оперативна.

Без странци и по искористување на ваучерите за домашен туризам Охрид и туристичките места се загрижени за опстанокот очекувајќи силен економски удар. Под закана се до 20 илјади работни места, а загубите се проценуваат на 400 милиони евра, па така неопходна ќе биде и нова поддршка од државата и воопшто стратегија за излез од кризата.

Овие содржини се поддржани од Google News Initiative Journalism Emergency Relief Fund

Христијан Станоевиќ


Можеби ќе ве интересира

БОШЊАЦИТЕ МУ ПОДНЕСОА КРИВИЧНА НА СТОИЉКОВИЌ: Велат го исмевал и негирал геноцидот во Сребреница

БОШЊАЦИТЕ МУ ПОДНЕСОА КРИВИЧНА НА СТОИЉКОВИЌ: Велат го исмевал и негирал геноцидот во Сребреница

ОСМАНИ ОСТАНУВА НА СВОЈОТ СТАВ: Владата ќе одлучи за иднината на Отворен Балкан

ОСМАНИ ОСТАНУВА НА СВОЈОТ СТАВ: Владата ќе одлучи за иднината на Отворен Балкан

ГРЕШКА СО ЗНАМИЊАТА: Македонската армија се заблагодари на Норвешка со знамето на Исланд

ГРЕШКА СО ЗНАМИЊАТА: Македонската армија се заблагодари на Норвешка со знамето на Исланд

АПАСИЕВ ЗА ИЗЈАВАТА НА МИЦКОСКИ: Не верувај им на ДПМНЕјците, дури и кога ти носат подароци

АПАСИЕВ ЗА ИЗЈАВАТА НА МИЦКОСКИ: Не верувај им на ДПМНЕјците, дури и кога ти носат подароци

Директорот на „Стрежево“ купил 4,5 пати поскап ратрак на старо

Директорот на „Стрежево“ купил 4,5 пати поскап ратрак на старо

ДАВКОВА ИЛИ ПЕНДАРОВСКИ, ТАРАВАРИ ИЛИ ОСМАНИ, ВМРО-ДПМНЕ ИЛИ СДСМ - еве кој води на најновата анкета на ЦРПЦ

ДАВКОВА ИЛИ ПЕНДАРОВСКИ, ТАРАВАРИ ИЛИ ОСМАНИ, ВМРО-ДПМНЕ ИЛИ СДСМ - еве кој води на најновата анкета на ЦРПЦ

Боки 13: Да се расчисти случајот „Рекет“ и да се каже каде се парите

Боки 13: Да се расчисти случајот „Рекет“ и да се каже каде се парите

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо

ДИРЕКТОРОТ НА ЈП „СТРЕЖЕВО“ ЗАРАБОТИ КРИВИЧНА ПРИЈАВА: И покрај тоа што имале ратрак, тој повторно спровел постапка за набавка на уште еден

ДИРЕКТОРОТ НА ЈП „СТРЕЖЕВО“ ЗАРАБОТИ КРИВИЧНА ПРИЈАВА: И покрај тоа што имале ратрак, тој повторно спровел постапка за набавка на уште еден