(ВИДЕО) ВАКВИ ДОЖДОВИ НЕМАЛО ЕДЕН ВЕК: Во Шпанија поплави однесоа жртви
Објавено во: Свет 12 Септември, 2019
Шпанија се бори со големи поплави кои однесоа човечки животи.
Две лица загинаа во невремето кое зафати поголем дел од југоистокот на Шпанија, носејќи дождови какви немало во последните 100 години.
Маж и жена на возраст од 70 години се пронајдени мртви во превртен автомобил кој го однела надојдената вода на околу 100 километри јужно од Валенсија.
Во тој регион е прогласен „црвен метеоаларм“, а од шпанската метеоролошка служба "AEMET" предупредија дека таа област е во „исклучителна опасност“.Јужно од Валенсија наврнале речиси 300 литри дожд на метар квадратен во рок од 24 часа. Според "AEMET", ова се најобилните врнежи на дожд од 1917-та година.
Засега нема извештаи за повредени, а локалните училишта ја откажаа наставата за повеќе од 250 илјади ученици. Се очекуваат нови дождови.