23 Април, 2024
0.0259

(ВИДЕО) УКРАИНА НЕ ИСКЛУЧИ ТЕРОРИЗАМ: Во урнатиот авион загинаа цели семејства, студенти, професори

Објавено во: Свет 09 Јануари, 2020

Добивај вести на Viber

Eден украински службеник за безбедност денеска постави четири главни теории за причината за падот на украинскиот авион во Иран во кој загинаа 176 лица, меѓу кои евентуален ракетен напад и тероризам.

Олексиј Данилов, секретар на украинскиот Национален совет за безбедност и одбрана, го изјави ова откако иранските истражители објавија прелиминарен извештај за несреќата на авионот во кој се вели дека „Боинг 737-800“ се запалил непосредно пред несреќата.

Украина испитува неколку можни причини за авионска несреќа, вклучувајќи ракетен напад, судир, експлозија на мотор или тероризам, напиша Данилов на Фејсбук.


Авионот се урна само неколку часа по иранскиот ракетен напад врз две бази во Ирак што го користат американските сили, предизвикувајќи шпекулации дека авионот можеби бил целна мета, забележува Ројтерс.

Според првичните проценки на западните разузнавачи, авионот имал технички проблеми и не бил соборен од ракета.

Данилов рекол дека украинските истражувачи во Иран сакале да го пребаруваат местото на несреќата за да ги потврдат непотврдените обвинувања кои кружат на Интернет дека остатоците од руската направена „Тор-М1“ земја-воздух ракета што ја користела иранската војска била на местото на несреќата.


Претходно, иранската организација за цивилно воздухопловство објави дека првичните резултати од истрагата покажале дека екипажот на авионот не остварил радио повик и се обидел да се врати на аеродромот.

Се тврди дека авионот се запалил уште пред да се сруши и самата несреќа предизвикала голема експлозија кога авионот допрел до земја затоа што бил полн со бензин.

Во извештајот се наведува дека и двете црни кутии биле пронајдени, иако некои делови биле оштетени, а некои делови од меморијата биле уништени.

Авионот, кој се сруши непосредно по полетувањето од аеродромот во Техеран, превезуваше 167 патници и девет членови на екипажот кон Киев, главниот град на Украина.


Загинаа 82 државјани на Иран и 63 Канаѓанци, како и државјани на Украина, Шведска, Авгснистан, Германија и Британија

Професори, студенти, цели семејства се наоѓале на кобниот лет меѓу 63 канадски жртви на авионската несреќа .

Според канадските медиуми, триесеттина жртви биле од подрачјето на Едмонтон, главниот град на државата Алберта на западот од Канада.

 Меѓу нив се универзитетските професори, Мојган Данешман и Педрам Мусави, како и нивните две мали деца.

„Страшно е, изгубивме околу еден процент од нашата заедница на тој лет“, рекол Пајман Парсејан, член на иранската заедница што живее во Едмонтон.

Араш Пурзараби (26) и Пуне Гурџи (25), студенти по компјутерски науки на Универзитетот во Алберта, заминале во Иран за да се венчаат. Тие биле во авион со четири члена на свадбената поворка и уште 24 ирански Канаѓани од Едмонтон, пренесува Ројтерс.

Канадскиот премиер Џастин Трудо изјави дека владата ќе обезбеди несреќата да биде детално истражена.


Загинаа и тројца британски и германски државјани

Покрај Канаѓаните, имало 82 Иранци, 11 Украинци, од кои девет биле членови на екипажот, десет Швеѓани, четворица Авганистанци, тројца Германци и тројца Британци.

Авионот бил подложен на своето последно рутинско техничко одржување на 6 јануари 2020 година, објави украинската авиокомпанија на Фејсбук од каде додаваат и дека сите летови за Техеран се прекинати до понатамошно известување.


Можеби ќе ве интересира

КУЛЕБА НАСКОРО ЌЕ ДАДЕ ОБЈАСНУВАЊЕ: Украина ги укина конзуларните услуги за машките државјани на воена возраст во странство

КУЛЕБА НАСКОРО ЌЕ ДАДЕ ОБЈАСНУВАЊЕ: Украина ги укина конзуларните услуги за машките државјани на воена возраст во странство

ГАЗА: Откриена е масовна гробница, дел од луѓето биле со врзани раце и нозе

ГАЗА: Откриена е масовна гробница, дел од луѓето биле со врзани раце и нозе

ГО ПОГОДИЛЕ БЕЛГОРОД: Руските сили фрлиле бомби на своја територија

ГО ПОГОДИЛЕ БЕЛГОРОД: Руските сили фрлиле бомби на своја територија

СКАНДАЛ ВО ГЕРМАНИЈА: Уапсен функционер на крајната десница - шпионирал за Кина

СКАНДАЛ ВО ГЕРМАНИЈА: Уапсен функционер на крајната десница - шпионирал за Кина

ДВА ХЕЛИКОПТЕРИ СЕ СУДРИЈА НА ВЕЖБА, 10 ЛИЦА ЗАГИНАА: Се појави видео од трагедијата

ДВА ХЕЛИКОПТЕРИ СЕ СУДРИЈА НА ВЕЖБА, 10 ЛИЦА ЗАГИНАА: Се појави видео од трагедијата

ЕВРОПА Е КОНТИНЕНТ КОЈ НАЈБРЗО СЕ ЗАГРЕВА: Големи последици за луѓето но и економијата и здравството

ЕВРОПА Е КОНТИНЕНТ КОЈ НАЈБРЗО СЕ ЗАГРЕВА: Големи последици за луѓето но и економијата и здравството

МИЛИОНЕРКА ОД ДУБАИ ОТКРИ КАКО ИЗГЛЕДА НЕЈЗИНАТА КУЌА ПО НЕВРЕМЕТО: Куќата и била вредна три ипол милиони евра, за среќа имала слуги да и помогнат

МИЛИОНЕРКА ОД ДУБАИ ОТКРИ КАКО ИЗГЛЕДА НЕЈЗИНАТА КУЌА ПО НЕВРЕМЕТО: Куќата и била вредна три ипол милиони евра, за среќа имала слуги да и помогнат

ЗНААТ КАКО ДА ЗАРАБОТАТ ГОЛЕМИ ПАРИ: Во оваа земја бројот на млади милионери скокнал за цели 75 отсто!

ЗНААТ КАКО ДА ЗАРАБОТАТ ГОЛЕМИ ПАРИ: Во оваа земја бројот на млади милионери скокнал за цели 75 отсто!

ЗЕЛЕНСКИ: Ако француските авиони можеа да го заштитат небото на Израел, зошто не и на Украина?

ЗЕЛЕНСКИ: Ако француските авиони можеа да го заштитат небото на Израел, зошто не и на Украина?