(ВИДЕО) Три лица загинаа во пожарите во Турција
Објавено во: Балкан 29 Јули, 2021
Пожари беснеат во Турција. Огнот се шири близу одморалиштата и хотелите во Анталија и Бодрум.
Досега 3 лица загинале, а повеќе од 10 се во болница. Тие се здобиле со повреди во Анталија, на југот од Турција. Евакуирани се 20 градски и соседни села, 112 лица се повредени од кои 58 хоспитализирани, најмногу поради труење со чад.
Министерот за земјоделство и шумарство Бекир Пакдемирли рекол дека е локализиран пожарот кој вчера избил.