(ВИДЕО) ТРАМП СЕ НАЛУТИ: Гореше американската амбасада во Багдад
Објавено во: Свет 31 Декември, 2019
Гореше американската амбасада во Багдад.
Десетици лути ирачки приврзаници на шиитите упаднаа во амбасадата на САД во Багдад кршејќи ја вратата. Употребен е солзавец и се слушнале истрели од огнено оружје.
Демонстрантите денеска ја опколија американската амбасада во Багдад, во знак на протест поради неодамнешните воздушни напади на САД, во кои беа убиени најмалку 25 припадници на милитантната група „Катаиб Хизболах“ во Иран и Сирија.
Тие со камења удираат во прозорците и ги палат ѕидовите на амбасадата.
Персоналот на амбасадата и американскиот амбасадор беа евакуирани, откако претходно демонстрантите скршија врата и палеа американски знамиња.
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Иран оркестирал напад на американската амабасада во Ирак и дека за тоа ќе се смета за одговорен.
Ирачкиот премиер Адел Абдул Махди ги повика демонстрантите пред американската Амбасада во Багдад да се повлечат и предупреди да не се преземаат агресивни мерки против странските амбасади и претставништва.