(ВИДЕО) Трамп „мава“ на сите страни: Жестоко удри по Бајден и најави дека пак ќе го победи
Објавено во: Свет 01 Март, 2021
- ПРВО ќе ја вратиме куќата, а потоа републиканскиот претседател триумфално ќе се врати во Белата куќа. Се прашувам кој ќе биде тој! - рече Трамп на крајот од своето обраќање пред приврзаниците на Републиканската партија на годишната конференција на конзервативната политичка акција во Флорида.
Ќе продолжам да се борам со вас и нема да правам нова партија, ќе останам во Републиканската партија. Приказната дека ќе формирам нова партија е лажна вест, рече Доналд Трамп и најави дека е можно по трет пат да се кандидира за претседател на Соединетите Американски Држави.
- Овие избори беа наместени, а Врховниот суд не сакаше да стори ништо за тоа. Можеби ќе се обидам да победам по трет пат - рече Трамп.
Тој оцени дека изборниот процес во Америка е „болен“ и дека неговата реформа е неопходна со цел „да се гласа еден, а не 45 дена“.
„Најважната задача на Републиканската партија е да обезбеди фер, чесни и демократски избори“, рече Трамп.
Трамп исто така нагласи дека неговиот наследник, Џо Бајден, има „најкатастрофален прв месец од мандатот на сите претседатели во модерната историја“.Foto: Foto: Tanjug/AP