(ВИДЕО) ТАЖНО И ДРАМАТИЧНО ВО АВСТРАЛИЈА: Сиднеј во чад и пепел, пожарникари мака мачат
Објавено во: Свет 07 Декември, 2019
Семејствата се подготвуваат за најлошото бидејќи илјадници стравуваат дека нивните домови би можеле да бидат надвладеани од мега пламенот кој е како бура во Нов Јужен Велс.
Низ пеколен пекол пожарникарите се приближуваат до станбените подрачја.
Иако исцрпени стотици пожарникари ја продолжуваат борбата со пожарите ширум државата, додека чад и понатаму го прекрива Сиднеј.
Доцна во петокот вечерта, пожарникарната служба издаде трезвено предупредување за „многу голема опасност“ за викендот.
-Ова ќе биде долго лето-предупредил министерот за вонредни состојби Дејвид Елиот, пренесе Дејли Меил Австралија.
Пожарот се движи северно од Сиднеј а борбата со огнената стихија може да потрае со недели па дури и до Нова година бидејќи летната сезона таму тукушто почна.
Информациите од светските медиуми велат дека повеќе од шест лица загинале, а 680 домови се уништени додека пожарите пустошат низ Австралија.
Фото: Ројтрес/Дејлимеил