(ВИДЕО) СПЕКТАКУЛАРЕН ОГНОМЕТ ВО НОВ ЗЕЛАНД: Ја испратија тешката година со голема прослава
Објавено во: Свет 31 Декември, 2019
По Самоа, Нова година стигна и на Нов Зеланд, а е дочекана со спектакуларен огномет во Окланд.
Новата 2020 година пристигна таму во 12 часот по наше време.
Кога часовникот кај нив откуча полноќ, журките наголемо траеја во Велингтон и Окланд каде славејто е проследено со величенствен огномет.
Минатата година беше многу тешка и мачна за Нов Зеланд, по еден од најголемите терористички напади на џамијата во Крајстчерч, но и неодамнешната ерупција на вулканот на Белиот остров.