(ВИДЕО) СО СОЛЗАВЕЦ И ПАЛКИ ПОЛИЦИЈАТА ГИ РАСТЕРА ДЕМОНСТРАНТИТЕ: Повреден е лидерот на Двери
Објавено во: Балкан, Корона Вирус 08 Јули, 2020
Полицијата употреби солзавец и палки за да ги растера демонстрантите во Белград.
На улиците се распоредени и оклопни полициски возила.
Се протестираше и на улиците на Ниш, Крагуевац и Нови Сад, каде што беа каменувани зградата на државната телевизија и просториите на Српската напредна партија.
Во почетокот мирниот протест пред зградата на српскиот парламент се вжешти откако беа фрлени факели и шишиња кон полицијата, која возврати со солзавец.
Како што објави „Н1“, жандармеријата потоа тргна во јуриш и со палки ги растера демонстрантите, меѓу кои има повредени, вклучувајќи го и лидерот на партијата Двери, Бошко Обрадовиќ.
Претходно беше нападнат и Сергеј Трифуновиќ, актер и лидер на Движењето на слободни граѓани.
Протестите се отпор поради највата за враќање на рестриктивните мерки.
фото Танјуг