(ВИДЕО) Со оружје се борат за вода и храна откако ги погоди Доријан
Објавено во: Свет 06 Септември, 2019
По ударот на ураганот Доријан на Бахамите има вести за пукање затоа што жителите очајно се борат за храна и вода.
Бројот на загинати може да достигне стотици.
Над 70.000 луѓе имаат потреба од помош, а формирани се и специјални полициски сили за да се запрат масовните грабежи.
Доријан однесе 30 жртви на Бахамите, но можно е овој број да расте.
Ураганот Доријан во неделата ги погоди островите Абако како невреме од петта категорија, а потоа и Гранд Бахама како невреме од четврта категорија.
Во моментов со сила на невреме од трета категорија и се движи кон источниот брег на САД.
Надлежните органи наредија евакуација на околу милион луѓе кои живеат од Флорида до Северна Каролина.
Гувернерот на Јужна Каролина Хенри Мекмастер нареди задолжителна евакуација на 830.000 жители, информира „Гардијан“.