(ВИДЕО) Смртоносен земјотрес ги погоди Филипините
Објавено во: Свет 16 Октомври, 2019
Најмалку eдна жртва има во силниот земјотрес од 6.5 степени кој ги зафати Филипините.
Епицентарот на земјотресот бил на 62 километри од градот Давао, на длабочина од 20 километри.
Загина едно седумгодишно девојче, а трагедијата се случила кога врз девојчето се урнала зграда во градот Тулунан.
Локалните власти во општината Магсаисај информираа дека во земјотресот се повредени 20 луѓе, а голем број станбени згради се уништени.