(ВИДЕО) Силно невреме со дожд и град во Бања Лука
Објавено во: Балкан 02 Септември, 2019
Невреме ги зафатило севернозападните делови на Босна и Херцеговина, при што на регионалниот пат Чаѓавица-Бања Лука преку Мањача, дожд, грмежи, врнежи од град ја намалиле видливоста.
Многу возачи морале да ги запрат возилата среде улица, затоа што било тешко да се вози во такви услови. Вчера во Бања Лука имаше силно невреме. Циклонот Викторија утре ќе ги зафати Хрватска, Словенија и БиХ.