(ВИДЕО) Шпанците протестираа против мерките наметнати поради коронавирусот
Објавено во: Свет, Корона Вирус 23 Мај, 2020
Шпанците излегоа на улиците на Мадрид, и се побунија против рестриктивните мерки наметнати поради коронавирусот.
Револтот го изразија со песни и со веење на шпански знамиња. Зад протестите стои десничарската партија Вокс.
Демонстрантите ги повикаа премиерот Педро Санчез и вицепремиерот Пабло Иглесијас да си поднесат оставки.
Од коронавирусот во Шпанија починаа скоро 30.000 луѓе.Заедно со Италија, Шпанија беше најпогодена европска земја од опасниот вирус.
Во Европа сега има над 2 милиони заразени.