(ВИДЕО) СЕ УРНА БРАНА ВО РУСИЈА: Водата носеше се пред себе, има 13 мртви
Објавено во: Свет 19 Октомври, 2019
Се урна брана во рудник за злато во Сибир, при што има најмалку 13 загинати.
Десетици луѓе се исчезнати, откако денеска се урна брана во рудник за злато во оддалечена сибирска населба, соопштија руските власти, пренесува АП.
Браната на реката Сеиба во сибирскиот регион Краснојарск пукнала и поплавила неколку кабини во кои живееле жртвите, велат руските власти.
Властите велат дека браната очигледно била изградена со прекршување на правилата за безбедност и тврдат дека надлежните не биле свесни за нејзиното постоење.
Истражителите отвориле кривична истрага за кршење на правилата за безбедност.
„Засега има информации за 13 мртви“, се вели во соопштението на Министерството за вонредни систојби.
Четиринаесет луѓе се хоспитализирани, а тројца од нив се во тешка состојба.