(ВИДЕО) СЕ СТРЕСЕ ТУРЦИЈА: Луѓе се повредиле додека бегале
Објавено во: Балкан 25 Јуни, 2020
Земјотрес од 5,4 степени ја зафати Турција, a 5 лица се повредиле додека бегале.
Погоден е градот Озалп, во провинцијата Ван, во близина на границата со Иран.
Земјотресот се случил околу 13 часот и се почувствувал во соседните провинции.
Гувернерот на провинцијата Ван, Мехмет Емин Билмез, изјави дека земјотресот довел до „умерено“ или „силно“ оштетување на куќите во околу 15 населени места. На 15 јуни годинава имаше земјотрес, при што десетици куќи беа уништени.Турција се наоѓа на трусно подрачје, па земјотресите се чести, а најсилниот се случи во 1999 година, на северозападниот дел на земјата, во кој загинаа околу 18.000 луѓе.