(ВИДЕО) СЕ СРУШИ ЗГРАДА: Внатре е „заробено“ едно семејство
Објавено во: Балкан 27 Ноември, 2019
Се урива зграда во албанскиот град Драч, при што внатре остана „заробено“ едно семејство.
Медиумите во Албанија ја објавија оваа снимка. Втор ден денеска Албанија се справува со катастрофата. Во силниот земјотрес загинаа над 30 луѓе. Попладнево од под урнатините се извлечени мајка и син кои се држеле за рака. Повеќе од 20 луѓе се исчезнати. Бројот на повредените од главниот потрес со јачина од 6,4 степени достигна повеќе од 660 граѓани, а некои од нив се во тешка состојба.