(ВИДЕО) СЕ СПАСИ ОД КАМП ВО СИРИЈА: Мајка му се приклучила и загинала во ИСИС
Објавено во: Балкан 07 Ноември, 2019
Moмче кое мајка му го однела во Сирија, сега конечно е вратено кај татко си.
Од Црвен крст и Црвена полумесечина информираа дека Алвин, кој мајката од Албанија го однела во Сирија и се придружила на терористичката организација Исламската држава, е ослободен од преполниот камп.
Тој денеска со татко му заминал во куќата во Италија, објави АП.
Момчето има 11 години и без семејство се нашло во кампот ал Хол, со кој управувале курдските сили на североистокот од Сирија, откако неговата мајка, браќата и сестрите загинале во борбите.