(ВИДЕО) СЕ ПОЈАВИ РАЗГОВОРОТ СО ЛАЖНАТА ГРЕТА: Заев се сложува дека Макрон е ужасен
Објавено во: Македонија 08 Јули, 2020
Руските пранкери Вован и Лексус денеска го објавија разговорот кој поранешниот премиер Зоран Заев го имал со „активистката против климатските промени Грета Тунберг и нејзиниот татко“.
Заев го напаѓа францускиот претседател Емануел Макрон за кого се согласува со мислењето на лажната Грета дека е ужасен човек. Експремиерот, исто така, ѝ ветува на лажната Грета дека ќе ги затвори аеродромите поради нејзиното мислење оти на тој начин ќе се сопре загадувањето на воздухот, а во разговорот се вклучува и „таткото“ на Грета со кого Заев разговара за пушење марихуана.