(ВИДЕО) Се појави нова снимка од разорниот земјотрес кој ја погоди Грција
Објавено во: Балкан 03 Март, 2021
Два силни земјотреси денеска ја погодија соседна Грција, а во текот на денот имаше најмалку десет послаби потреси.
Земјотресите со јачина од 6.2 и 5.1 степени предизвикаа сериозни оштетувања. Штети има во селата во пошироката област меѓу општините Тирнавос и Еласона, а особено биле погодени Дамаси, Влахогиани и Месохори. Најмногу оштетувања имало во Дамаси, каде што се урнати повеќе куќи. Се појавија повеќе видеа кои покажуваат како изгледал најсилниот потрес.