(ВИДЕО) Се навршија 26 години од смртта на Бошко и Адмира во Сараево
Објавено во: Балкан 18 Мај, 2019
Пред 26 години на денешен ден во Сараево загинаа Бошко Бркиќ и Адмира Исмиќ.
Се запознале во годината на сараевската Олимпијада и заедно биле девет години.
Бошко бил Србин, а Адмира, муслиманка. Сепак кога почнала војната во 1992 година, родителите на Бошко го напуштиле Сараево, а тој не пошол со нив бидејќи не сакал да ја остави Адмира и верувале дека војната брзо ќе заврши.
Верувајќи дека ќе избегаат од Сараево, во мај 1993 година, убиени се со снајпер. Снајперистот прво го погодил Бошко кој веднаш починал, а потоа и Адмира која смртно ранета смогнала сили да се дојде до Бошко, го прегрнала и починала.
Двајцата останале да лежат осум дена на земјата, затоа што никој не се осмелувал да ги помести од таму.
Истрага за убиството на Адмира и Бошко не е водена, а нивниот убиец никогаш не бил откриен.Фотографијата од Бошко и Адмира го обиколи целиот свет, а „Си-ен-ен“ ги нарече сараевските Ромео и Јулија.