(ВИДЕО) СЕ БАРААТ СТОРИТЕЛИТЕ: Од џамии во Измир наместо молитва ечеше „Бела чао“
Објавено во: Балкан 23 Мај, 2020
Од турска џамија во градот Измир наместо молитва, ечеше италијанската антифашистичка песна „Бела чао“.
Властите почнаа истрага откако е хакиран системот за повикување на молитва, па од минарињата на неколку џамии била пуштена италијанската антифашистичка песна „Бела чао“.
Локалниот огранок на турските власти задолжени за верски прашања го потврди овој инцидент и најави отворање на внатрешна истрага и пријава до полицијата..
Портпаролот на владејачката партија Омер Челик на Твитер го осуди инцидентот и додаде дека ќе бидат пронајдени сторителите.