25 Април, 2024
0.0533

(ВИДЕО) Русите создадоа три најнови видови на вооружување

Објавено во: Свет 19 Април, 2018

Добивај вести на Viber

Рускиот концерн „Аутоматика“ создаде три најнови видови на вооружување за радио-електронска борба против дронови кои што се во состојба да ги откриваат, следат и соборуваат.

Според Русите, новата технологија прави дроновите да бидат едноставно неупотребливи.

Главниот инжинер на проектот, Сергеј Ширјајев, вели дека оружјето функционира така што директно влијае на радио-врската со дроновите и го блокира далечинското управување, ја попречува навигацијата и ги ресетира вчитаните податоци и наредби.

Доколку станува збор за дрон со четири елиси, системот му дава наредба да остане во една позиција во воздух што значи дека ветерот одредено време ќе го носи дронот пред да остане без батерии или гориво и едноставно да падне. 

Новиот систем „Сапсан“ е во состојба да го открие дронот на оддалеченост од преку 100 километри, да го собори или пак да им ги открие сите податоци поврзани со дронот на оперативците кои што раководат со против-воздушните системи.

Вториот систем „Таран“ е многу ефикасен во случај на масовен напад со дронови. 

Третиот систем „Пишчаљ“ е практичен за борба во движење со оглед на тоа што направата е тешка само три килограмич Ширјајев отрива дека моментално во тек се тестирања, а се предвидува дека сериското производство ќе започне најдоцна кон крајот на оваа година.


Можеби ќе ве интересира

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

Нема пасоши за Украинци кои бегаат во странство, се зголеми бројот на граничари

Нема пасоши за Украинци кои бегаат во странство, се зголеми бројот на граничари

ОВА СЕ ЧЕТИРИТЕ НАЈГОЛЕМИ УЛТРА ИНТИМНИ ВИП НАСТАНИ КАДЕ ОДАТ НАЈБОГАТИТЕ: Тука тешко е да присуствува обичен човек

ОВА СЕ ЧЕТИРИТЕ НАЈГОЛЕМИ УЛТРА ИНТИМНИ ВИП НАСТАНИ КАДЕ ОДАТ НАЈБОГАТИТЕ: Тука тешко е да присуствува обичен човек

КОЈ НАРОД Е НАЈМАЛКУ ЗАДОВОЛЕН ОД ЖИВОТОТ ВО ЕУ? Ќе се изненадите каде се Германците

КОЈ НАРОД Е НАЈМАЛКУ ЗАДОВОЛЕН ОД ЖИВОТОТ ВО ЕУ? Ќе се изненадите каде се Германците

БАЈДЕН ПОТПИША ПОТЕНЦИЈАЛНА ЗАБРАНА ЗА ТИКТОК - еве што ќе се случува понатаму

БАЈДЕН ПОТПИША ПОТЕНЦИЈАЛНА ЗАБРАНА ЗА ТИКТОК - еве што ќе се случува понатаму

УКРАИНА ДОБИВА ОРУЖЈЕ ДО КРАЈ НА ДЕНОТ! Бајден го потпиша законот, пристигнува рекордна помош за 3 држави!

УКРАИНА ДОБИВА ОРУЖЈЕ ДО КРАЈ НА ДЕНОТ! Бајден го потпиша законот, пристигнува рекордна помош за 3 држави!

НЕКОЛКУ ЛИЦА ПОВРЕДЕНИ ВО „ЧУДЕН“ ИНЦИДЕНТ ВО ЛОНДОН: Избегани армиски коњи трчаа низ центарот на Лондон (ВИДEО)

НЕКОЛКУ ЛИЦА ПОВРЕДЕНИ ВО „ЧУДЕН“ ИНЦИДЕНТ ВО ЛОНДОН: Избегани армиски коњи трчаа низ центарот на Лондон (ВИДEО)

(ВИДЕО) ГОРИ ВО РУСИЈА: Украина пак погоди рафинерија со дронови

(ВИДЕО) ГОРИ ВО РУСИЈА: Украина пак погоди рафинерија со дронови

ЗАГРИЖЕНИ СЕ ЗА КОНФЛИКТОТ ВО ГАЗА: Јамајка ја призна државата Палестина

ЗАГРИЖЕНИ СЕ ЗА КОНФЛИКТОТ ВО ГАЗА: Јамајка ја призна државата Палестина